Филип Јордановски со нов видео спот за “Долетај ми”
Прегледано: 2212 | Oбјавено на: 11.09.2013
Нашиот познат поп-рок пејач Филип Јордановски беше активен летово, како со живи свирки така и со авторската музика, а сето тоа резултираше со освоени награди и прекрасен видео запис за преубавата балада на Филип, “Долетај ми”.

Охрид Фест 2013 – главна награда од фестивалот.
“Што ми направи” – е новата песна на Филип, со која настапи во поп вечерта и во интернационалната вечер на фестивалот. Навистина во поинаков ритам од претходните песни, со модерен аранжман и одличен текст, Филип со својот настап ги воодушеви присутните, стручното жири и организаторите на фестивалот и му беше доделена главната награда (Долни Сарај) која ја доделува фестивалот.
Музиката и текстот се авторско дело на композиторот Блаже Темелков, а аранжманот го направи Кристијан Габроски и е снимена во неговото студио.
Песната веќе се врти по радијата и очекуваме да стане вистински хит.

Нов видео спот за “Долетај ми”.
На 1-ви Септември Филип го промовира новиот спот за песната Долетај ми.
Посебно сум возбуден бидејќи ова е една од моите најдобри и најдраги песни. Видеото го работевме долго време и со многу емоции и љубов и сметам дека токму овој спот и песна т.е овој проект наречен “Долетај ми” е најдоброто од мене до сега. Снимен е на неколку локации во Скопје, во една стара куќа во Дебармаало, улица Македонија и старата железничка станица. Во спотот учествуваат Филип и прекрасната девојка Стефаниа, пантомимичарот Дарко кој работи и живее во Австрија и преубавиот и мил златен ретривер Дина. Огромна благодарност до сите нив.
Се надевам дека сите ќе уживате во него и во песната.
Спотот ќе можете да го погледнете на youtube, како и на телевизиските канали со своите топ листи.
Уживајте...

Наредни активности и планови на Филип.
Кон крајот на летото Филип го очекуваат уште неколку големи настани, како и многу живи свирки и настапи ширум земјава, како Пиволенд 2013 во Скопје, редовните свирки по клубовите и кафулињата, а во соработка со авторскиот тим интензивно се работи и на новите песни на Филип кои се наменети за Скопскиот фестивал и Макфест.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations