Џорџ Клуни е повторно слободен
Прегледано: 2102 | Oбјавено на: 12.07.2013
 Славниот актер Џорџ Клуни повторно е слободен откако раскинал со девојката Стејси Кеблер.

 

Вечниот и најпосакуван ерген Џорџ Клуни изгледа повторно е слободен, а со повеќегодишната девојка Стејси наводно раскинал два дена откако одвоено го прославиле Денот на независноста, 4 јули.

 

Магазинот „People“ тврди дека Клуни е тој кој раскинал, а двојката не е видена заедно во јавноста со месеци.

 

„Ако сакаа можеа да најдат време еден за друг. Но, Џорџ сепак излегува од врските и тоа е секогаш така. Штом почувствува дека жената премногу му се доближила, тој се повлекува“, рекол извор за магазинот.

 

И додека Клуни го славел празникот на езерото Комо во Италија, Стејси со пријателите била во Малибу.

 

„In Touch“ пишува дека 52-годишниот актер неодамна многу време поминувал со хрватската манекенка Моника Јакишиќ во Лондон, што според нив можеби е причината за раскинувањето со Стејси.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations