Продолжува судењето за 40-те милијарди отштета поради смртта на Мајкл Џексон
Прегледано: 2278 | Oбјавено на: 29.04.2013
 Во Лос Анџелес денес продолжува судењето на промотерот на концерти, компанијата АЕГ, поради сомневањата дека индиректно е одговорна за смртта на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.

Тужбата против една од најголемите светски фирми за промоција на концерти ја поднела семејството на Џексон. Судењето почна на 2 април, а во изминатите три недели траеше изборот на 12-члената порота и нивните евентуални замени. Судењето ќе продолжи со изнесување на аргументите на тужбата и одбраната.

Џексон почина во 50-тата година, на 25 јуни 2009, од преголемо количество од силниот анестетик пропофол, кој како средство за спиење му го пропишал неговиот лекар Конрад Мареј.

Според тврдењата на тужбата, фирмата АЕГ, која ја организирала последната турнеја на Џексон, е одговорна бидејќи покажала негрижа со тоа што го вработила Мареј. Освен тоа, еден од поднесувачите на тужбата, 82-годишната мајка на Мајкл, тврди дека фирмата АЕГ извршила преголем притисок врз нејзиниот син, со што сериозно му биле нарушени физичкото и психичкото здравје.

Кетрин, 82-годишната мајка на Мајкл Џексон, бара отштета од 40 милијарди долари, колку што наводно нејзиниот син ќе заработел доколку останел жив.

Тужената страна истакнала дека толку голема отштета е „бесмислица“, истакнувајќи дека кариерата на Џексон била на заоѓање, особено поради проблемите со законот. АЕГ истакнале и дека Мајкл Џексон земал големи количества пропофол и пред закажаната турнеја и пробите за концертите планирани во Лондон.

Лекарот на Џексон, Мареј, во 2011 година беше осуден на четири години затвор поради убиство од небрежност.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations