Бекстрит бојс добија ѕвезда на патеката на славните
Прегледано: 2131 | Oбјавено на: 24.04.2013
 Членовите на бендот повторно се собраа вчера за заедно да ја прослават ѕвездата која ја добија на Холивудската патека на славните. AJ McLean (35) , Nick Carter (33), Kevin Richardson (40), Howie Dorough (39) и Brian Littrell (38) со себе ги поведоа и своите семејства, а тука беа и нивните бројни обожаватели и фотографите кои и покрај толку години сеуште неуморно ги следат.

 

Момците кон крајот на годинава планираат да издадат уште еден нов албум, а наредната година е планиран и документарецот за нив. Тие се најпродаваниот машки бенд на сите времиња, а во подготовка е и нивната нова турнеја.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations