Пепси и Бијонсе во нов креативен глобален поход
Прегледано: 1971 | Oбјавено на: 15.04.2013
Креативната соработка, заеднички развиена од светски познатата пејачка Бијонсе и брендот Пепси, започна преку специјална дигитална премиера на линкот www.youtube.com/pepsi, емитувана во повеќе од 70 земји ширум светот. Спотот за нивното креативно партнерство се очекува да биде виден од повеќе од милијарда луѓе, а го содржи и новиот заразен сингл на пејачката “Grown Woman”. Бијонсе и Пепси го започнаа своето врвно патување низ патеката на славните, со цел да ја почувствуваат возбудата на сегашниот момент во нова глобална рекламна кампања. Глобалното партнерство е следниот чекор во духот на Пепси кампањата „Живеј ја сегашноста“ чие заштитно лице е Бијонсе. Таа своевидно претставува темелник на пробивањето на брендот преку глобална музичка стратегија која поддржува појава на музички ѕвезди, икони на денешницата, кои ги обезбедува со вистински светски достигнувања, поддршка при промоција, како и иновативни ресурси. “Нема артист кој го отсликува мотото “Живеј ја сегашноста“ подобро од Бијонсе. Таа е вистински трендсетер и епицентар на поп културата денес. Сметаме дека не можевме да избереме покреативен партнер кој би ги имал истите заеднички визии за животот со нашите. Додека оваа реклама е првата фаза на нашата сеопфатна соработка, истовремено развиваме нови начини да ги вклучиме и фановите во претстојната турнеја на Бијонсе генерирајќи нови, кул и креативни активности и содржини, изјави Бред Џејкмен, Извршен директор на Пепси Ко групацијата. Спотот посветен на глобалното партнерство на пејачката и Пепси наречен „Mirrors“ (Огледала) е еден од првите креативни елементи на заедничката соработка на Бијонсе и Пепси. Тој го отсликува откритието на Бијонсе дека сите искуства и личности кои ги имала во својата кариера и помогнале да стане она што е сега, слично како и приказната на “Grown Woman”- совршено визуелно отелотворување на етиката на брендот Пепси “Живеј ја сегашноста“. “Навистина се забавував соработувајќи со Пепси на оваа кампања. Имав прилика да ги оживеам некои од моите омилени карактери и изгледи од минатото. За првпат после многу години видов некои од тие костими и беше навистина емотивно“, вели Бијонсе. “Се гордеам со тие моменти, и сите тие се поврзани на одреден начин, при што ми помогнаа да станам она што сум денес“, - додава познатата пејачка. Бијонсе и Пепси имаат долгогодишна соработка, која вклучува легендарни интернационални кампањи, во кои се има појавувано покрај Џенифер Лопез, Дејвид Бекам, Пинк и Бритни Спирс. Бијонсе беше емоционално вклучена во секој аспект на креативниот развој на оваа кампања - од приказната до целосниот стајлинг и изборот на “најдобрата Бијонсе“, чии ретроспективи даваат целосна слика која е таа сега.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations