Адел го подготвува својот нов албум
Прегледано: 1675 | Oбјавено на: 10.04.2013
 Познатата британска пејачка Адел работи на нејзиниот трет албум, што е прв пат таа да влезе во студио откако минатиот октомври го роди својот син, по што направи пауза од музиката.

Пејачката работи на новите песни од долгоочекуваниот нов албум со помош на Џејмс Форд и Кид Харпун, кои исто така, работеа и на албумите на Artic Monkeys и Florence + The Machine.

Се пишуваше низ многу медиуми во Англија, дека во план е и потенцијален дует со Роби Вилијамс, но за тоа сè уште нема официјална потврда и од двете страни, исто како што не се знае кога ќе излезе новиот албум на Адел.

Во 2011 година Адел изјави дека ќе земе малку одмор од музиката и ќе се посвети на приватниот живот. Неодамна таа беше наградена со Оскар за најдобра оригинална песна за саундтракот на филмот „Skyfall“.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations