Скандал во семејството Кардашијан
Прегледано: 3460 | Oбјавено на: 08.04.2013
 Уште еден скандал го тресе семејството Кардашиан. Овој пат станува збор за даночна измама и за злоупотреба на пари собрани во хуманитарни цели.

 

Хуманитарната организација што ja основал сопругот на Клое Кардашиан, кошаркарот Ламар Одом, не исплатила голема сумa пари собрани за болни деца.

 

Телевизиската мрежа ESPN спроведе истрага и тврди дека организацијата за помош на деца заболени од рак што ја основал кошаркарот Ламар Одом, „Cathy’s kids“ не исплатила 2,2 милиони долари собрани од основањето во 2004 година за лекување на деца заболени од рак.

Прашањата се наметнале сами по себе откако истражните органи ги „прочешлале“ сметките на кошаркарот. Наместо во хуманитарни цели, парите наводно биле потрошени за финансирање на два елитни кошаркарски клубови за млади.

 

Единствена личност која ги води книговодствените работи на организацијата е тренерот на Ламар од средно училиште и кумот на свадбата со Клое Кардашиан, Џери ДеГрегорио.

„Cathy’s kids“ наводно има долг од 256 000 долари кои Одом ги позајмувал од други организации и здруженија.

ESPN побарале изјава од Одом, а тој кратко рекол „Тоа се мои пари“.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations