Прашајте го Џони што ви е кеиф
Прегледано: 2090 | Oбјавено на: 03.04.2013
 Компанијата Дизни најави дека Деп и неговиот партнер во филмот, Арни Хамер, на 17 април, по повод прикажувањето на ексклузивниот 20 минутен материјал пред околу 400 фанови, онлајн ќе разговара со публиката.

Режисерот Горе Вербински и продуцентот Џери Брукхајмер исто така ќе присуствуваат на разговорот кој ќе биде емитуван директно на сајтовите Yahoo! Movies и Livestream.
Обожавателите ќе можат да поставуваат прашања на Твитер и да го погледнат трејлерот за филмот на интернет.

Филмот “Осамениот ренџер”, кој ќе започне да се емитува во Американските кина на 3 јули, се базира на радио драмите и ТВ сериите од 1950 година. Приказната го прати ренџерот (Арни Хамер) во неговата потрага по злосторници ширум дивиот запад. После судирот во кој тој за малку ќе го загуби животот, осамениот ренџер продолжува со потрагата, но овој пат маскиран и во придружба на духовитиот индијанец Тонт (Џони Деп).
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations