Северина ја откри тајната на својот изглед
Прегледано: 1902 | Oбјавено на: 03.04.2013
 Северина ќе одржи концерт во Скопје на 13 април, а се очекува да пристигне со синчето и сопругот.
Во пресрет на концертот во етерот проструија фотографии од пробите пред концертот на кои се гледа дека Северина изгледа подобро од било кога.

"Сакам да вежбам и тоа секојдневно. Сите вежби кои ги правам не се со справи туку на под. Долго вежбам на овој начин бидејќи така мускулите не се јачаат туку фино се издолжуваат, а вежбите можам да ги правам било каде – дома, во хотелска соба или во природа. Понекогаш гледам фитнес видеа и си вежбам со нив дома. Одлична е фитнес емисијата на Весна Мимица и често вежбам и со неа. Вежбите и се супер, таа е легенда. Ја имав и видео касетата со Синди Крафорд, но само поради тоа што се планираше и јас да снимам нешто слично, но со таа касета никогаш не сум вежбала “ – вели Северина.

Концертот кој е дел од нејзината турнеја е работен во соработка со режисерот Томаж Пандур. За овој спектакл таа се подготвувала по 4 часа дневно, танцувајќи, трчајќи и пешачејќи.
"Не ја намалив тежината намерно туку од темел го променив налинот на живот. секое утро пешачам половина час, јадам три пати на ден во растојание од четири часа и два пати неделно посетувам теретана."

Кога е лицето во прашање, Северина не ни помислува на ботокс и слични третмани. За разлика од практиката на многу девојќи да не излегуваат од дома без шминка, Северина има сосема поинакви принципи.

"Се откажав од секојдневно шминкање. Не ставам ни маскара ни руменило. Престанав и да се мачкам со дневни креми кои штитат од сонцето. Сметам дека нашата кожа знае сама да се одбрани." – заклучува Северина.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations