Се сними филм за реномирано поетско име во комплетна продукција на Македонската радио телевизија
Прегледано: 2089 | Oбјавено на: 02.04.2013
 На 3 април (среда) во Кинотеката на Македонија со почеток во 20 часот ќе се одржи промоцијата на документарниот филм „Поет на Револуцијата“ чие сценарио и режија е на Диме Ратајкоски, уредникот на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија.

Филмот посветен на добитникот на 51-то издание на Струшките Вечери на Поезијата, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте ќе се емитува премиерно на самата промоција која е закажана за оваа среда.

За мене претставуваше особена чест да работам на еден ваков проект кој го прикажува животот и творечкиот опус на еден од најреномираните африкански поети и ревулуционери против власта на Апартхејдот, Монгани Вали Сероте. Се надевам дека сиот мој труд и целосното вложување кое го посветив на овој документарен филм ќе ги воодушеви гледачите, исто како што и мене ме инспирираше и воодушеви ликот и делото на  поетот кој е од големо значење за културата во светот, - ни изјави авторот на филмот Диме Ратајкоски.







Поетот е добитник на многу престижни награди, меѓу кои спаѓаат значајната „Нома“ награда за издаваштво во Африка која ја добил за својата 7-ма стихозбирка Третиот Светски Експрес која ја добил во 1993 година, во 2004 годинаја добил и големата награда Пабло Неруда” во Чиле, а од неодамна се здобил и со државното признание на Јужна Африка редот на “Икаманга во сребро”. Монгани Вали Сероте е почесен член на Друштвото на писатели на Р. Македонија.

Овој документарен филм,  меѓу другото претставува и продолжение на низата поетски портрети кои секоја година Македонската Телевизија ги посветува на добитниците на престижната награда “Златен венец”.  
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations