„Јас Исидора“ - Олга Панго
Прегледано: 2233 | Oбјавено на: 15.01.2013
  • „Јас Исидора“ - Олга Панго

    Инспирацијата за претставата е големата американска балерина Исидора Данкан која живее на почетокот на 20 век..   
На 16.01.2013година (среда), со почеток во 20.00 часот ќе се изведе балетската модерна претстава „Јас Исидора“  од Олга Панго на малата сцена во МОБ.
 
Либрето, кореографија и режија е на Олга Панго, музиката е на Калиопи Букле, сценографија и костимографија се на Благој Мицевски.

Солисти:

Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Пашариковска, 
Лиле Миленковска Гленски, Билјана Басмаџиева, Марина Георгиевска, 
Маја Митровска Богојевска.

Инспирацијата за претставата е големата американска балерина Исидора Данкан која живее на почетокот на 20 век.. 

Дејството се случува со доаѓањето на Исидора во Москва и нејзината средба со големиот руски поет Сергеј Есенин. Тој и се восхитува на Исидора и неговото додворување буди страст кај неа. Нивната врска завршува со брак, а зедништвото им е поддржано од физичката привлечност, неконвенционалноста на која ја манифестираат својата уметност и идеатa за еднаквост на сите луѓе (комунизмот).

Тие воопшто не се тивки општествени битија, ами бучни ѕверки чии што дела секогаш, без исклучок, креваат голем прав. Поради тоа нивниот живот е под постојана присмотра од очите на јавноста. Есениновата поетска генијалност влегува во сенката на рамнодушноста и неговата склоност кон алкохолот. Поради ниската етика паѓа во прегратките на други жени, мрежа скандали која е испреплетена од јавноста. Исидора воид битка и со него и со општеството.

Почнува да се прашува: „Што барам тука?“, „Која сум јас?“, ,„Уметност или љубов?“.  Веќе несака да се арчи себеси во оваа јалова земја и решава да замине ид а го напушти Есенин. Искусува олеснување, а наспроти неа тој останува сам во друштво со алкохолот. Не му преостанува ништо друго освен да се пијанчи, и по долго трагање ја добива сликата на ,,Црниот човек,, и тука е неговиот крај.
 
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations