BeeClever, македонски производ за глобалниот пазар
Прегледано: 3695 | Oбјавено на: 09.11.2012
4Virtus е млада компанија специјализирана за развој на веб решенија и мобилни апликации. Во рамките на компанијата функционира и оддел за креативен дизајн и дигитален маркетинг. Игор Христов, ко-сопственикот на компанијата има интересна приказна околу тоа како започнало се.

Бизнис Инфо: Како дојде до формирање на 4Virtus?

Уште додека работев во Искрател, слушнав за програмите на CEED и во 2008 година решив да им се придружам. Таму запознав многу позитивни луѓе од кои ги слушнав нивните успешни приказни и решив и јас да се обидам. Потоа, во 2009 година заминав во Словенија на практична размена во друга фирма. Таму се слушнав со CEED Словенија. Ме викнаа на состанок како претставник на Македонија и еден од учесниците ми предложи да почнеме заеднички да работиме во Македонија. Така и се случи. Во 2010 дојдоа во Македонија и ја направивме фирмата. Со тек на време ја редизајниравме, сега целосно е различна од тоа што ни беше оригиналната замисла, што е доказ дека секој бизнис план се менува.




Бизнис Инфо: Што конкретно работи фирмата?

Фирмата има два главни дела, едниот е ИТ дел, односно софтвер. Тука спаѓаат изработка на веб решенија, веб апликации и портали, хостирање и одржување, е – комерц решенија, мобилни апликации за смарт телефони. Вториот сегмент е дигитален маркетинг, во што е вклучено СМС маркетинг, имејлинг, дистрибуција на њуслетери, оптимизација на пребарувачи и маркетинг на социјални медиум, Фејсбук, Твитер итн.





Бизнис Инфо: Со какви клиенти повеќе работите, домашни или странски?


Имаме и домашни и странски клиенти. Минатата година имавме 20% странски клиенти. Годинава сакаме да стигнеме до 50% – 60% и досега ни оди по планот. Имаме партнери во странство, во Норвешка, Холандија и Словенија.




Бизнис Инфо: Што е најновото на коешто работи 4Virtus?

Во моментов работиме на концепт за едукација на деца од предучилишна возраст преку апликации за паметни телефони. Како идеја на ова работиме точно една година и многу сакам да успее. Изработивме едукативни игри за деца и веќе ги подготвивме за на глобален пазар. Сакаме да ги промовираме и на македонскиот и на странскиот пазар. Проектот се вика BeeClever (www.beeclever.mobi). Сакаме да направиме многу вакви игри затоа што на пазарот за мобилни телефони претежно има забавни игри, игри за губење време, ама нема едукативни игри.

Проектот како концепт веќе го презентиравме на Балкан Venturе форум Скопје, во Солун на MOBIP 2012, во Луксембург на ICT Spring и сега ќе го претставиме на Балкан Venture форум во Белград, на 22 и 23 ноември.

Бидејќи ова е проект што бара развој и многу различни ресурси, идејата ни беше да побаравме финансиска помош од инвеститори. Свесни сме дека ова е премал проект за нив, премала инвестиција за Angel investor, но одиме пред се да се презентираме себеси и тоа што го работиме.






превземено од Бизнис Инфо
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations