Сите ме зафркаваа на училиште
Прегледано: 4387 | Oбјавено на: 12.03.2013
 Џенифер Лоренс можеби ги освои симпатиите на јавноста со нејзиниот лежерен став и извонреден изглед, но изгледа дека таа не се гледа себеси во исто светло, велејќи за себе дека е “здодевна”. Актерката во интервју за британскиот магазин The Sun изјавува:

“Јас никогаш не толкувам карактери кои се слични на мене зошто јас сум здодевна личност. Јас не би сакала да гледам некој како мене во филм”.

Нејзината сомокритичност оди дотаму што младата актерка ќе дополни:
“Јас сум една од најнеталентираните луѓе. Буквално глумењето е единствената работа која можам да ја правам, а и не знам дали навистина знам како да го правам тоа”.

Судејќи по тоа што Џенифер доби Оскар за најдобра женска улога, може да се каже дека актерката не е баш во право.
“Тоа е смешно, бидејќи јас не се сметам себеси за ѕвезда” – вели таа и дополнува - “На пример пред малку видов еден тип кој не е ни толку познат, се појавува по реклами на телевизија, и за малку ќе добиев срцев удар од возбуда”.

Актерката не дозволува популарноста да влијае на неа и на нејзиниот живот признавајќи дека избегнува да оди на селебрити забави, додавајќи: “Мојот живот всушност не е во Холивуд, така што ако не работам нешто во моментот, не одам на тие забави. Да гледам како сите ми се лепат и ме третираат чудно...тоа е нешто што не можам да оставам да влијае на мене”.

Џенифер се отвори и во врска со нејзиното минато, споделувајќи приказни за тоа како биле зафркавана на училиште.



“Менував многу училишта кога бев во основно бидејќи некои девојчиња знаеја да бидат навистина лоши. Во средно училиште беа помалку злобни, и мене ми беше подобро, но сепак имаше едно девојче кое ми даде да делам покани за нејзината роденденска забава на која не ни бев поканета. Но тоа беше во ред, само ги погледнав и ги фрлив во канта за отпадоци ”.

За крај Лоренс советува: “Немојте да се грижите за кучките, тоа може да биде добро мото, бидејќи се среќаваат такви луѓе цело време низ животот”.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations