Нова преработка од прилепчаните Mr.T и Наташа Седлоска – „No Light, No Light“
Прегледано: 2988 | Oбјавено на: 14.08.2017
Нова преработка од нам веќе добро познатите Mr.T и Наташа Седлоска, но овој пат на огромниот хит на Florence + The Machine – No light, No light, во сосема поразлична верзија од оригиналната.

Покрај Томе Темелкоски (Mr.T) – гитара,монтажа и продукција, и Наташа – вокал, во овој проект учествуваат и Христијан Конески – видео, Саша Нацевски – режија, Филип Јездиќ – тапани, Бобан Петрески – бас гитара, Оливер Илиески – клавијатури, Лора Штаргоска – актерка (voodoo child), Јордан Чавлески CLS Light & Sound – светло и опрема, Александра Кочоска – шминка.

Голема желба и љубов кон музиката, наскоро со свое авторско.

-Каверот го спремавме неколку месеци и би сакала да изразам огромна благодарност до сите што учествуваа во проектот на било каков начин. Работиме со тоа што имаме, пред сѐ огромна желба и љубов кон музиката. Се надевам дека наскоро ќе имаме можност да издадеме нешто наше, авторско, но за реализација се потребни многу средства и спонзорства. За тоа, потоа. Се надевам дека ви се допаѓа тоа што го правиме и ќе продолжите да бидете наши верни поддржувачи. – истакна Наташа Седлоска.

Уживајте во одличниот ковер:
https://www.youtube.com/watch?v=Pl9ReFu4k8Y
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови
Рептил Ве повикува – погледнете ја нашата понуда, ќе ја смените навиката каде пазарите
 Достапноста до маркет, снабденоста со свежи и разновидни производи понекогаш може да влијае на големи животни одлуки, како на пример и на тоа каде да купите стан. Можноста во близина на станот да има снабден, а препознатлив маркет го олеснуваа живеењето во маалото. Не мора да го палите возилото, да влезете во градскиот метеж за да најдете супермаркет за пазарење. Едноставно треба само да излезете од станот и да влезете во најблискиот Рептил маркет, односно најпознатите маалски маркети со супериорна квалитетна услуга во Скопје.

Пријавете се за Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово
 На падините на Маврово годинава по 18-ти пат ќе се одржи традиционалниот Аматерски хуманитарен велеслалом. Од 21-ви до 23-ти февруари, на овој настан ќе учествуваат компании кои, преку котизација, ќе дадат поддршка на Фондацијата Импакт, која преку проектот "PAWSITIVE IMPACT" се грижи за бездомни животни. Организатор на настанот е Ресорт Маврово, чиј сопственик потенцира дека ова не е новина за компаниите, кои редовно се дел од оваа хуманитарна активност.






Facebook
Reccomendations