ДНК со две признанија од Бекстејџ!
Прегледано: 1385 | Oбјавено на: 08.11.2013
На прославата на 5-от роденден на Бекстејџ, Р&Б дуото ДНК доби две признанија кои естрадниот магазин ги доделуваше за најуспешните во 2013-та година.

Наградата за Најуспешен албум и Наградата за најуспешен хит на годината - „Срце“, заслужено отидоа во рацете на Панчо и Андреј кои оваа година рушеа рекорди на слушаност на албумот „Срце“ и хитовите од истиот.

"Многу ни е драго што првото признание кое воопшто го добиваме е токму од супербрендот и воедно најгледан естраден магазин Бекстејџ. Им посакуваме уште многу успешни години работа"- изјавија Панчо и Андреј.

Овие две признанија се само поттик за ДНК и за нивниот продуцент Лазар Цветкоски да продолжат да создаваат хитови кои ќе останат.

Минатата недела ДНК го промовираа нивниот најнов видео запис за „Што сака нека биде“, а наскоро ќе се снима спот и за „Опуштено“, уште една нумера од албумот „Срце“.

Во продолжение погледнете го видео записот на ДНК за „Што сака нека биде“.

 
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations