ДЈ Шорти Пи ака Панчо со свој сет во Загреб
Прегледано: 1675 | Oбјавено на: 16.01.2014
Нашиот хип-хоп и Р&Б диџеј Шорти Пи ака Панчо, утре (17-ти Јануари, петок) ќе има свој сет во најурбаниот клуб во Загреб - Грув. По одличните настапи минатата година на хип-хоп фестивалот Фреш Ајланд во Хрватска, во клубот Фристајлер во Белград и последниот во Шафхаузен- Швајцарија следна дестинација на Панчо е колевката на балканскиот хип-хоп, Загреб, каде публиката има префинет вкус за овој тип на забави.

-Загреб е една од моите омилени балкански дестинации кога станува збор за диџеј сетови. Презадоволен сум што сум оставил одличен впечаток кај тамошната публика и на мое огромно задоволство повторно ќе бидам гостин во нивниот град – вели Панчо.

Веќе познатите светски хитови, но и нови синглови од хип-хоп и р&Б стилот ќе бидат дел од репертоарот на Панчо во петок во Загреб.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations