ФОЛТИН и Летечки Пекинезери со Новогодишни концерти во Скопје
Прегледано: 2961 | Oбјавено на: 18.12.2014
На 31-ви декември, во 22 часот, во City Hall Center, во Скопје, ќе се одржат новогодишни концерти на Фолтин и Летечки Пекинезери.

Последната журка оваа година ќе започне со настапот на најпопуларниот скопски џез свинг состав, а ќе кулминира со настапот на еден од најзначајните македонски бендови на последниве две децении - ФОЛТИН! Ноќта ќе ја заврши скопскиот диџеј В.Л.Адо!

Влезниците во предпродажба ќе бидат достапни во сите продажни места на Купикартизасе по цена од 650 денари до 22ри декември, а потоа по цена од 800 денари! Главни пијалоци на вечерта ќе бидат Dewar's и Eristoff. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови
Рептил Ве повикува – погледнете ја нашата понуда, ќе ја смените навиката каде пазарите
 Достапноста до маркет, снабденоста со свежи и разновидни производи понекогаш може да влијае на големи животни одлуки, како на пример и на тоа каде да купите стан. Можноста во близина на станот да има снабден, а препознатлив маркет го олеснуваа живеењето во маалото. Не мора да го палите возилото, да влезете во градскиот метеж за да најдете супермаркет за пазарење. Едноставно треба само да излезете од станот и да влезете во најблискиот Рептил маркет, односно најпознатите маалски маркети со супериорна квалитетна услуга во Скопје.

Пријавете се за Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово
 На падините на Маврово годинава по 18-ти пат ќе се одржи традиционалниот Аматерски хуманитарен велеслалом. Од 21-ви до 23-ти февруари, на овој настан ќе учествуваат компании кои, преку котизација, ќе дадат поддршка на Фондацијата Импакт, која преку проектот "PAWSITIVE IMPACT" се грижи за бездомни животни. Организатор на настанот е Ресорт Маврово, чиј сопственик потенцира дека ова не е новина за компаниите, кои редовно се дел од оваа хуманитарна активност.






Facebook
Reccomendations