Запознајте го човекот кој тврди дека патувал низ времето
Прегледано: 3851 | Oбјавено на: 09.10.2012
 Многу луѓе велат дека не можат да им веруваат на адвокатите, поради природата на нивната работа, но што ќе кажете на тоа дека еден од нив тврди дека како дете бил дел од таен владин проект кој вклучува патување низ времето?

Уште од 2004 година, Ендрју Басиаго, адвокат од Сиетл, јавно тврди дека на свои седум години учествувал во проектот Пегаз, таен проект на американската влада кој работел на развој на телепортација и патување низ времето.

"Заедно со децата беа тренирани и возрасните со цел да се тестира какво влијание има патување низ времето врз луѓето, ментално и физички. Во врска со сето тоа, децата се во предност во однос на возрасните, бидејќи тие се побрзо се приспособуваат на напорите кои го следат патувањето во минатото, сегашноста и иднината", вели Басиаго.

Овој адвокат им соопштил на медиумите дека во текот на својот ангажман искусил патување низ времето со користење на девет различни технологии, а најчесто се користел телепортерот кој бил изработен врз основа на технички документи пронајдени во јануари 1943 во станот Никола Тесла, по неговата смрт.

Според тврдењата на Басиаго, учесниците во програмата скокале преку енергетско поле во тунел и кога тунелот ќе се затворел, тие се наоѓале на друга дестинација.


"е чувствувате како да се движите со ненормално голема брзина или како воопшто да не се движите, како целата вселена да е околу вас и локацијата на која сте", вели Басиаго кој од целата своја работа особено ја истакнува фотографијата на која тој се гледа себеси, а е направена во далечната 1863 година кога се нашол во Гетисбург, за време на говорот на Абрахам Линколн. Тој го посетил ова време и место во 1972 година, патувајќи со помош на плазма комора.


Ендрју Басиаго тврди дека е момчето во средината.

Покрај тоа, Басиаго тврди дека во пет - шест наврати бил во Форд театарот, истата вечер кога Линколн бил убиен, но никогаш не бил директен сведок на убиството и покрај тоа што бил испратен на истото место, во истотот време неколку пати, но од различни точки од сегашноста. Тој дури еднаш налетал на самиот себе во Фрод театарот во 1865 година.

Во врска со сево ова нормално е да бидете скептични кога и физичарите на повеќе наврати докажаа дека патувањето низ времето е невозможно. Меѓу последните кои го докажаа ова беше физичарот од Хонг Конг Шенгванг Ду кој објави дека патувањето низ времето е невозможно од причина што ништо не може да се движи со брзина која е поголема од брзината на светлината...но како и да е, можеби интервјуто со овој интересен човек ќе ги помести границите на вашето верување.





 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations