Осум медали за Македонија на Светски куп во кик-бокс
Прегледано: 3621 | Oбјавено на: 08.04.2013
 Македонската кик-бокс репрезентација освои осум медали, од кои по три златни и сребрени и два бронзени, на Светскиот куп што викендов се одржа во Бихаќ (БиХ).

Светскиот куп се одвиваше во дисциплините: поинт фајт, лајт контакт, кик лајт, фул контакт и лоу кик.

Со медали од македонските борци се закитија:

1. Димитар Георгиев - кик лајт 1.место и лоу кик 3.место

2. Ненад Манојловски - кик лајт 1.место и лоу кик 2.место

3. Таркан Ракиповски - лоу кик 1.место

4. Роберт Костовски - кик лајт 2.место

5. Дарио Манев - кик лајт 2.место

6. Елена Стојчевска - поинт фајт 3.место.

На ова натпреварување учество земаа 526 натпреварувачи од девет земија: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Република Српска, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Финска и Унгарија.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations