Бен Афлек во врска со “Арго”
Прегледано: 1593 | Oбјавено на: 01.03.2013
На последното доделување на Оскарите нејпрестижната награда, за најдобар филм ја освои заложничката драма „Арго“, во режија на Бен Афлек, кој на изненадување на сите не беше номиниран за најдобар режисер. Бен Афлек се заинтересирал за сценариото кога бил на колеџ и затоа што во приказната имало и драма и комедија и трилер, на Афлек како режисер му било предизвик да ги спои трите во едно. За да биде убедлива вистинската приказна во филмот, режисерот вклучува и слики од вистинските луѓе. И покрај воената содржина на филмот, Бен Афлек изјавува дека не ги сака војните и мисли дека односите помеѓу земјите можат да се подобрат по мирен пат и така нема да има жртви. Во следното интервју, погледнете како Афлек гледа на ова контроверзно уметничко дело. Еве што тој изјави на црвениот тепих: Говорот на Бен Афлек на доделувањето на наградата: „Овде бев пред 15 години и немав поим што правам. Стоев пред сите вас и не ни помислував дека ќе застанам пак. И не е важно како ќе паднете зашто тоа ќе се случи, важно е да станете“.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations