Тетекс во четврток против Пјуник на Арената Филип Втори
Прегледано: 2034 | Oбјавено на: 03.07.2013
 Тетовските „штофари“ на 04 јули (четврток) 2013 година, во 17:45 часот на домашен терен (Фудбалска Арена “Филип Втори“ ‐ Скопје) го играат натпреварот од првото квалификациско коло на UEFA Европската Лига со ФК „Пјуник“ од Ереван, Ерменија.

Фудбалскиот клуб „Тетекс“ ‐Тетово е основан далечната 1953 година под името ФК „Текстилец“.

Основачот на ФК „Тетекс“ ‐ Тетово е текстилниот комбинат „Тетекс“. Клубот ја има освоено титулата на македонската “Република Лига“ во четири наврати: 1965, 1969, 1974 и 1985, а заедно со ФК „Вардар“ беа единствените македонски фудбалски клубови кои имаат освоено титула во југословенската “Втора лига” (сезона 1980/81).

Во историјатот на Независна Македонија, ФК „Тетекс“ од Тетово го освои Купот на Македонија во сезоната 2009/10 и дебитираше во UEFA Европската Лига, со што го постигна најголемиот клупски успех.

Истиот успех го повтори и во сезоната 2012/2013.

Тимот кој што го сочинува ФК „Тетекс“ е:

• Голмани: Венче Манчевски и Дејан Силјановски

• Одбрана: Александар Крстевски, Егзон Бејтуали, Игор Кралевски, Кристијан Тошевски, Балажи

Куштрим и Милан Ристовски

• Среден ред: Мирослав Јовановски, Боби Божиновски (капитен), Филип Деспотовски, Блашко

Николовски, Никола Петковски, Ментор Салиу, Дончо Аргировски, Драган Начевски и Дарко

Мицевски

• Напад: Генц Исени, Виктор Ангелов, Филип Петковски и Роберт Лазаревски

Шеф на стручниот штаб е Горазд Михајлов, Спортски директор е Зоран Бошковски ‐ Чоко, а Претседател на Клубот е Стефан Алампиоски.

Овој тим ќе се обиде да го докаже успехот и освојувањето на македонскиот фудбалски Куп во првиот натпревар од квалификациското коло на UEFA Лига на Европа против ФК „Пјуник“ од Ереван.

Ерменскиот ФК „Пјуник“ има освоено рекордни 10 ерменски првенства, заедно со 5 ерменски купа (1996, 2002, 2004, 2009, 2010) и 6 ерменски суперкупа (1997, 2001, 2004, 2006, 2007). ФК „Пјуник“ се смета за еден од најпопуларните ерменски фудбалски клубови од основањето на ерменската “Премиер Лига” во 1992 година.

Новата ера на ФК „Пјуник“ започна во 2001 година кога сопственикот на клубот, богатиот ерменски бизнисмен Ruben Hayrapetyan, спроведе многу посериозен пристап кон клубот и во него донесе играчи –ѕвезди: Artavazd Karamyan и Arman Karamyan, како и други играчи од Мали, Камерун, Аргентина, аподоцна и од Романија. Овој пристап резултираше со добри резултати како ерменската титула и освојување на ерменскиот Куп во 2002 година.

Билетите за оваа средба се веќе пуштени во продажба (сите продажни салони на ОНЕ и продавницата “Југотон“ во ГТЦ) по цена од 100 денари!

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови
Интервју со Стефан Ристевски. Млад научник за чии пронајдоци ќе читате во иднина
Aко успееме да направиме вештачка интелигенција која ќе биде во можност да чувствува, тогаш би започнале нашите проблеми.
Рептил ја негува традицијата на здравата и вкусна македонска храна
 Умешноста и истрајноста да ја зачуваме традиционалната рецепта во кујната и упорноста да ги сознаеме и готварските вештини онака како и нашите баби ги совладувале во младоста, несвесно креираа и отпор кон современите токови, кои значајно ги сменија навиките и ја воведоа процесираната храна. 
Движете се сигурно и спокојно со Сојузот на возачи на Македонија
Секој кој е на чекор пред избор на која компанија ќе ја даде довербата да го сервисира и врши технички преглед на возилото треба да се раководи од принципот на професионална услуга, но и традицијата на успех која ја има компанијата со која соработува.
Дуна инвестира во нов административен, развоен и логистички центар
Нашиот бизнис сегмент ги надрасна границите на Македонија и успешно услужуваме клиенти и во Србија и во Албанија“, вели Александар Пајковски од Дуна.





Facebook
Reccomendations