- Постои само едно нешто кое ги прави соништата невозможни: стравот од неуспех.
- Ништо на светот не е потполно погрешно. Дури и застанат часовник е во право, два пати во денот.
- Кога сакаме, се стремиме кон тоа да бидеме подобри отколку што сме. Кога се стремиме да бидеме подобри, и оние околу нас стануваат подобри, исто така.
- Изгледа дека секој од нас има јасна идеа како оние околу нас треба да го живеат животот. Но, никој не зборува за својот живот.
- Вие сте она што верувате дека сте.
- Кога секој ден изгледа како претходниот тоа значи дека ги пропуштаме убавите нешта кои се случуваат секој ден со изгревањето на сонцето.
- Не го трошете своето време со објаснувања: луѓето го слушаат само она што сакаат да го слушнат.
- Позади студената маска на лицата на некои луѓе се крие огнено срце.
- Љубовта е нескротлива сила. Кога се обидуваме да ја контролираме, нè уништува. Кога се обидуваме да ја затвориме, нè заробува. Кога се обидуваме да ја разбереме нè остава со чувство на изгубеност и збунетост.
- Кога немав што да изгубам, имав сè. Кога престанав да бидам оној што сум, се пронајдов себеси.
- Запаметете дека богатството е онаму каде што е вашето срце.
- Никогаш не ќе можете да избегате од своето срце. Затоа , слушајте го што ви говори.
- Секој игнориран благослов се претвора во клетва.
- Луѓето сакаат да променат сè, но во исто време сакаат сè да остане исто.
- Никој од нас не губи никого, бидејќи никј не поседува никого.
- Една личност е сакана бидејќи е сакана. Не постои причина за љубовта.