Јас сум огромен фан на Џим Кери
Прегледано: 1735 | Oбјавено на: 24.04.2013
 Стив Карел во неговиот последен филм, насловен “Неверојатниот Барт Вондерстоун”, се здружува со Стив Бушеми. Тие се двајца магионичари кои се дружат и работат заедно се до моментот кога една катастрофална точка ќе стави крај на нивното пријателство. Карел толкува “неверојатен” магионичар кој е толку полн со себе за кој не можеме да жалиме откако ќе ја изгуби својата работа во Лас Вегас бидејќи веднаш се истакнува со неговата само-бендисаност. Од друга страна тука е ликот кој го толкува Џим Кери, конкурентен магионичар, кој се измачува себеси на најбизарни начини, но со тоа добива огромна публика, а има и своја веб страна на која има сопствено реално шоу. Карел и Бушеми никако не можат да го надминат неговиот невообичаен настап со нивното старомодно магионичарско шоу...

Следува интервју со Стив Карел за филмот чија премиера се одржа пред еден месец.

Имавте поспоредна улога во “Брус Семоќниот”, каде Џим Кери ја играше главната улога, а овој пат улогите се обратни. Дали беше тешко да се игра покрај Кери?

Стив Карел: "Тој е толку голема ѕвезда, тој не прави ништо туку така. Ние му го пративме сценариото и тој веднаш се внесе. Тоа беше извонредно и јас сум му огромен, огромен обожавател. Јас бев неверојатно воодушевен од него во “Брус Семоќниот”и скоро иста стравопочит гледав на него и овој пат кога тој беше со нас. "

Барт е прилично смотана личност, барем во едната половина од филмот. Дали беше тешко да се одигра?

Стив Карел: Мене ми беше навистина смешно и исто така ми се допадна преминувањето на линијата помеѓу тоа да се биде карактер кој очигледно е во грешка и некој со кој публиката би сакала да се поистовети. Со таков баланс сакав да му пристапам и на ликот, и беше навистина забавно да се игра таков тип”

Имате ли нешто да кажете за второто продолжение на Anchorman 2 каде играте покрај друите и со Вил Фарел?

Стив Карел: "Тоа е една од оние работи за кои сметам дека што помалку луѓето знаат за неа, толку таа поинтересна ќе биде. Направија одлична работа со сценариото. Ќе биде навистина забавно".




 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations