Интервју со Даниел Kрег за новото продолжение на познатиот „Џејмс Бонд“, со наслов „SkyFall“
Прегледано: 1780 | Oбјавено на: 17.08.2012
Сите сме во исчекување на новото продолжение од познатиот филм Џејмс Бонд, „SkyFall, кој треба премиерно да биде прикажан на 9 Ноември оваа година. Иако тешко е да се дојде до главните актери од филмот и да се измами некој одговор, сепак група од новинари успеале да искомплетираат интервју. Да го проследиме.
 
Имавте многу долга пауза меѓу вашиот последен филм и SkyFall. Како успеавте да се вратите во форма после голема пауза?
- Да, имав поголема пауза, но сепак не би рекол дека сум излегол од форма, сепак јас сум актер, тоа е талент, не се заборава, едноставно секогаш е тука, во тебе. За снимањето на овој филм одамна е дискутирано, но имаше доста проблеми меѓу кои и финанскиот дел за кој лично јас не можев ништо да направам. Едноставно требаше сите коцки да се поклопат. Но, Сем се вклучи во сето ова и полека се почна да си доаѓа на место, потоа и Џон Логан, и како што гледаме веќе се доближуваме кон крајот.
Напорот кој го вложиме за да дојдеме до овој степен ни даде едно поинакво искуство на сите. 
 
Во однос на исвежувањето, Сем Мендез, за разлика од претходните две продолженија на Бонд, сега во екипата имате личност кој веќе освоил Оскар. Што донесе тој на целиот проект? Каква е соработката со него, за разлика од другите режисери на Бонд?
- Искрено, за мене и не беше нешто ново, земајќи во предвид дека се знаеме одамна и сме работеле заедно. Мислев дека сепак е освежување и супер идеја, сепак и тој израснал гледајќи го Бонд. Инстиктивно и тој знае каква е суштината на Бонд. Едноставно се испостави дека тој е добар избор за овој проект.
 
Колку карактерот Џејм Бонд се смени во ова продолжение на филмот?
- Сменето е само тоа што јас сум малку постар. За останатото, би рекол дека карактерот е веќе препознатливиот.
 
Кружат гласини дека самиот карактер како да е надвор од својата "зона на удобност".
- Па јас тоа би го опишал како "буткање", форсирање, со цел да се извлече најдоброто. Сепак педесет годишнината е нешто што кажува дека навистина треба да се добие максимумот, да се добие краен производ кој ќе биде вреден за паметење.
 
Зошто насловот на филмот е SkyFall?
- Да се даде необичен наслов на еден ваков филм може да значи многу. Мислам дека трикот лежи во двозначноста, мистериозноста на нештата. Насловот мора да се провлекува низ целата содржина, да се поистоветува со самата тема.
 
Како ќе го опишете негативецот во ова продолжение?
- За мене Хавиер е еден од најдобрите во бизнисот, лично јас сум негов голем обожавател. Тој е неверојатно дарежлива личност, поминавме толку многу заеднички моменти на снимањето досега, што имам чувство како да го познавам отсекогаш.  Имавме листа на желби пред да почне снимањето и тој едноставно беше на врвот на таа листа. Заедно со Сем сакавме тој да ја игра таа улога, некако најмногу се вклопуваше во улогата на негативец. 
 
Какво беше снимањето по Лондонските улици и метроа?
- Многу од сцените се снимени на места на кои не може ни за миг да се прекинат секојдневните активности, едноставно не може во ниту еден момент да се запрат сите процеси кои се во тек. Но, благодарение на локалните власти успеавме да ја исполниме целта.
 
За крај што ќе им порачате на сите оние кои се во исчекување на новото продолжение на Џејмс Бонд?
- Да бидат трпеливи, сепак остануваат нешто помалку од три месеци. Резулатот што ќе го видат на филмското платно ќе го оправда периодот за негова изработка.

Погледнете го и официјаниот треилер во продолжение.

 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations