Распродаден првиот тираж од албумот „Срце“ на ДНК
Прегледано: 3114 | Oбјавено на: 24.10.2013
По распродадениот прв тираж од ЦД-то кое што беше промовирано на 22-ри мај годинава, публиката на Панчо и Андреј го кажа своето – „Срце“ треба да го има секој во домашната цедетека.

- Изненадени сме од брзата продажба на нашиот албум.Свесни сме дека навиката да се купуваат ЦД-а во нашата држава е речиси искоренета, па затоа со најголемо задоволство го пуштаме во продажба вториот тираж од „Срце“ – изјавуваат Панчо и Андреј.

Авион, Што сака нека биде, Срце, Од утро до мрак, Старлета, Дада, Опуштено се само дел од хитовите на ДНК што се наоѓаат на овој компакт диск.

Обожавателите на ДНК кои се уште го немаат купено албумот истиот можат да го набават по цена од 150 денари.

Во меѓувреме ДНК работат на видео записи за хитовите од „Срце“. Наскоро ќе биде промовиран спотот за „Што сака нека биде“, а следна песна која што ќе добие своја видео приказна е „Опуштено“.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations