Новак Ѓоковиќ го отвори првото “ Училиште на животот” во српскиот град Љиг!
Прегледано: 2943 | Oбјавено на: 17.09.2013
Фондацијата на најдобриот светски тенисер финансираше проект со кој 12 деца на возраст од три до пет години, ќе почнат да ја посетуваат обновената градинка во склоп на училиштето во селото Кадина Лука во Љиг.

Новак заедно со војвотката од Јорк, Сара Фергусон, која всушност е глобален амбасадор на фондацијата, најпрво ги посети децата кои се дел од оваа предшколска група.
“ Денес сме на почетокот на остварувањето на нашата цел- сите деца во Србија да добијат соодветен простор во кој ќе играат, учат и ќе поминуваат квалитетно време со воспитувачите. Го одбравме селото Кадина Лука бидејќи ова село е дел од опшината Љиг, која е всушност една од најзагрозените општини во Србија. Исто така истото ова ќе го направиме и во Рашка, Краљево, како и во сите други делови од Србија каде ќе има потреба од тоа. Нашата фондација има мисија да обезбеди сигурна иднина на нашите деца, бидејќи што и да се случува со Србија во иднина, образованието никој нема да може да им го одземе” – изјави Новак по посетата.

Во чест на Новак малите дечиња изведоа престава, а потоа цртаа и креираа колажен албум.
По оваа манифестација Новак заедно со децата го засади дрвото на пријателството, а потоа симболично ја постави таблата со името на училиштето, во што секако му помогнаа и дечињата.
Милутин Гетсби глобалниот претседател на финансикиот дел на фондацијата, е долгогодишен пријател на војвотката Сара Ферусон која со задоволство се приклучи кон промовирањето и ширењето на мисијата на фондацијата на Новак Ѓоковиќ.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations