Јоце Панов освои Бронзена сирена на Сунчане Скале 2013
Прегледано: 1900 | Oбјавено на: 02.07.2013
Македонскиот пејач Јоце Панов ја доби третата награда на 19-то издание на реномираниот фестивал „Сунчане скале 2013“, кој се одржа викендов во Херцег Нови, Црна Гора. На големата фестивалска сцена, Јоце настапот го започна свирејќи на клавијатура. За неговиот стајлинг се погрижи Сретен Костиќ, а преубавата балерина која танцуваше со него, носеше креација на Елена Лука. Кемал Монтено и "Тешка индустрија" со песната Мајска киша беа првопласирани, додека пак Данијел Павловиќ од Србија, со песната Три дана се најде на втората позиција. Од Македонија во жирито беше Маја Поцевска, а Јован Јованов се вклучи телефонски. Покрај нашите претставници во жирито, Јоце доби 12-ки и од другите членови. Песната Боли ме твој додир наскоро ќе биде пуштена во етерот со нов видео запис.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations