Long Island Iced Tea
Прегледано: 1146 | Oбјавено на: 09.07.2011
Состојки:
15ml вотка
15ml џин
15ml текила
15ml ликер од портокал (Triple sec, Cointreau)
15ml рум
30ml сок од зелен лимон
1 ч.л. шеќер
Кока-кола
мраз

Подготовка: 

Наполнете ја чашата до половина со мраз и оставете ја настрана.
Во шејкер ставете ги петте алкохолни пијалоци, сокот од зелен лимон и шеќерот.
Растресете го шејкерот околу 20 секунди. Потоа оваа течност налејте ја во чаша којашто до половина има мраз. 

Дополнете ја чашата со малку Кока-кола, за коктелот да добие боја на ладен чај.
Украсете со парче лимон.

Овој коктел се служи во висока тенка чаша без рачка. 


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations