Аква Парк Фест во Пробиштип
Прегледано: 2663 | Oбјавено на: 15.05.2013
 


На 24-ти и 25-ти мај, на локацијата на водениот “Аква Парк“ во Пробиштип (www.aquaparkmacedonia.mk) ќе се одржи првото издание на музичкиот фестивал АКВА ПАРК ФЕСТ (www.aquaparkfest.com) како open-air издание на јубилејното петнаесетто издание на Таксират Фестивал (www.taksirat.com.mk). Со АКВА ПАРК ФЕСТ воедно ќе биде означен и стартот на новата сезона на првиот и единствен воден парк во Македонија.

На АКВА ПАРК ФЕСТ посетителите ќе имаат можност да ги проследат своите омилени музички бендови, диџеи и новите надежни демо-бендови кои допрва ги чека музичка слава, како и можност да се забавуваат во природа и со различните водени атракции на Аква Паркот.

Во музичкиот дел од програма ќе настапат PAUL VAN DYK, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, MARK KNIGHT, SUNNERY JAMES & RYAN MARCIANO, СУПЕРХИКС, ФОЛТИН, BERNAYS PROPAGANDA, S.A.R.S., Smut, Foolish Green, Conquering Lion, Сашко Костов & TWW, Iceberg & Lephonq, Flooder, Rootboy, Цобе & Стефано, New Sound Band, Ghetto Rudi, Branchez, No End, Прв Ред, Skullcrush, Skyrise и Anna O.

Во тек е претродажбата на “earlybird“ влезниците за АКВА ПАРК ФЕСТ, кои се продаваат по специјалната промотивна цена. Дводневната фестивалска влезница чини 700 денари (со вклучен бесплатен камп простор и бесплатно користење на водените атракции од Аква Паркот). Еднодневната влезница со цена од 400 денари вклучува бесплатно користење на водените атракции од Аква Паркот за денот за кој посетителите ја купиле влезницата.

Веќе од понеделник (20 мај 2013) влезниците ќе чинат 500 денари (еднодневна) и 800 денари (дводневна).
“Сите оние кои не успеале навреме да обезбедат билет ќе има можност да купат за време на одржувањето на фестивалот, 24-ти и 25-ти мај, на влезот на АКВА ПАРК ФЕСТ со полна цена од 600 и 900 денари”, дополнија од Пасворд Продукција, организатор на фестивалот.

Билетите во претродажба можат да се купат во продажните салони на One низ Македонија, продажните салони на Office Plus и продажната мрежа на МКтикетс.

Во соработка со „Македонија Сообраќај“ од организацијата најавија и организиран автобуски превоз за АКВА ПАРК ФЕСТ, а цената на повратен билет на релација Скопје – Пробиштип (Аква Парк Фест) – Скопје чини 450 денари.


 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations