Победничката на Евровизија со порно видео?!
Прегледано: 4241 | Oбјавено на: 14.06.2013
Сеуште сите не разбраа кој победи на годинешната Евровизија, а веќе излегуваат скандали поврзани со името на данската претставничка Емели де Форест. Имено нејзиното поранешно момче сака да ја искористи славата на Евровизиската победничка во своја корист, продавајќи го нивното домашно секс видео за 200 000 евра. Емели сеуште се нема огласено во врска со овие изјави на нејзинотот поранешно момче. Инаку Емели извојува убедлива победа на овогодинешниот избор на Евросонг со песната "Only teardrops" која освои најголем број гласови од публиката и од стручното жири - 281 glas , додека второпласираниот Фарид Мамадоу од Азербејџан, со песната "Hold me" освои 234 гласа. Третото место го освои Злата Огњевиќ од Украина, освојувајќи 214 гласа. 20 годишната Емели израснала во северниот дел на Данска и уште од мали нозе се занимава со музика. Таа уште на 14 години имала турнеи низ Данска заедно со популарниот дански музичар Фрејзер Нил, изведувајќи негови нумери и хитовите на Џони Кеш, потоа Нирвана и други познати музичари. Интересно за неа е тоа што не сака да носи никакви обувки кога настапува. “Секогаш сакам да пеам боса бидејќи така се чувствувам поблиску до земјата” – вели Емели.


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations