Green Beach Festival
Прегледано: 2288 | Oбјавено на: 31.07.2012
  • Green Beach Festival

    Armin Van Buuren го потврди својот настап на годинешното, трето издание на Green Beach Festival, кое ја продолжува традицијата на најдобриот летен настан во Македонија и веќе сигурно се зацврстува ...
 Armin Van Buuren во Охрид на плажа Парк нa 2ри Август!



Password Production и Octopussy Entertainment со особено задоволоство го најавуваат настапот на грандиозниот денс артист Armin Van Buuren, најзначајниот транс диџеј и продуцент на денешницата. Armin Van Buuren го потврди својот настап на годинешното, трето издание на Green Beach Festival, кое ја продолжува традицијата на најдобриот летен настан во Македонија и веќе сигурно се зацврстува на позицијата на најквалитетните електро случувања кај нас. Изминатите изданија на Green Beach Festival останаа запаметени по незаборавните журки на десет илјадната публика до утринските часови на плажата Парк во Охрид, каде се лудуваше на незаборавните диџеј сетови на легендарните Paul Van Dyk, John Digweed и роденденскиот сет на диџеј маестрото Carl Cox. На истата локација, на 2. август, клубската публика ова лето ја очекува дружба со најголемата светска диџеј ѕвезда Armin Van Buuren, една од првите асоцијации за клубската музика и најдобиот транс артист на декадата.

Во моментов Armin Van Buuren е на нова светска турнеја, а наше особено задоволство е што на оваа „туринг“ листа се најде и Охрид како единствен град во регионов кој може да го очекува настапот на овој светски артист. Armin Van Buuren e главниот хедлајнер кој го објавуваме од екслузивната програма за ова лето, но бидете подготвени за повеќе информации! Информациите за продажбата на билетите за Green Beach Festival 3, ќе бидат дополнително објавени! Армин Ван Бурен (роден во Холандија на 25 декември, 1976 година) е едно од најголемите продуцентски и диџеј имиња на светската транс и електронска сцена. Тој беше назначен за најдобар диџеј во светот според престижната DJ MAG Top 100 листа и тоа четири години последователно, од 2007ма до 2010та. Со тоа стана првиот диџеј во историјата на DJ Magazine кој го постигнал овој успех, што е дополнителна потврда за неговите музички остварувања во 14годишната кариера како диџеј и продуцент.

Тоа што е носител на официјалното признание Светски Најпопуларен Диџеј е само уште едно во низата негови достигнувања, но движечката сила зад неговито успех е исклучителната страст за денс музиката. Најдобрата летна забава, Green Beach има уште еден вистински музички специјалитет за сите љубители на врвниот звук на електронската музика. Холандската денс атракција Sunnery James & Ryan Marciano ќе ја разигра Green Beach публиката на 2ри август на плажата Парк во Охрид. Ова се две значајни личности со единствена цел: да забавуваат што повеќе луѓе со нивниот дип и фанки хаус звук. Македонската публика прв пат ќе ја има приликата да ја чуе музиката на диџеј дуото на кое музичкиот свет му предвидува молскавично искачување во најдобрите ТОП 10 светски диџеи.Уникатните настапи, шармантниот изглед и музичкиот избор се причина во последните година дена нивните настапи ширум светот да бидат целосно распродадени.
Превземено од Журкај.се
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations