ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА БОРО СТАЈИЌ
Прегледано: 1771 | Oбјавено на: 25.03.2013
Кога имаме 18 години, чуствуваме дека целиот живот е пред нас, дека можеме се’ и дека имаме слобода и сила да го постигнеме она што го сакаме...

За лекување на Боро Стајиќ.

Црвениот Крст на град Скопје и други соработници организираат Голем хуманитарен концерт во Скопје на 03.04.2013 година. Целта е да се обезбедат финансиски средства кои му се неопходни на Боро Стаиќ да го продолжи своето лекување.

На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од македонската музичка сцена:





Генерални покровители на концертот се:
- Универзална Сала Скопје
- ИНФОМЕДИА Системи (професионална аудио, видео и светлосна опрема)

Боро Стаиќ има 18 години, но животот му е полн со неизвесност и тешки предизвици.

- Пред неколку месеци, при скок во вода, се здоби со тешки повреди на 4 / 5 р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia). Неговиот и нашиот живот добија сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот.

Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме.

Цената на влезниците изнесува 500 МКД.

Влезниците ке може да се купуваат од 15.03.2013 год. на продажните места на Купи Карти За Се и онлајн преку нашата веб страна.


Бидејќи заедно можеме повеќе !!!



ХУМАНИТАРНИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ:

Денарска сметка:

Сметка: 210-700000600857

Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ

Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

Девизна сметка :

IBAN Code: MK07210501594890345

Name of account owner: Zoran Stajikj

Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje

SWIFT : TUTUNMK22

ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ на кои можете да донирате 100 ден/повик:

070/143-112

075/143-171

077/143-402


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations