„Жизел“ – балет од Адолф Адам
Прегледано: 1570 | Oбјавено на: 05.03.2013
 На 09.03.13год. (сабота) со почеток во 20.00 часот на сцената во МОБ ќе се изведе познатиот балет од Адолф Адам „Жизел“.

 

Балетот Жизел е романтично-фантастичен балет во два чина. Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.

 

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореографија на Леонид Лавровски од Русија, сценографија на Милета Лесковац обновена од Зоран Костовски, костимографијата е на Александар Ношпал и концерт мајстор Климент Тодороски.

 

 

Во улогата на Жизел ќе настапи нашата првенка Александра Мијалкова, во улогата на Алберт ќе настапи солистот Васил Чичијашвили од Грузија, како Мирта ќе настапи солистката Ивана Коцевска, Хиларион – Драган Кочоски и па де де кое ќе го изведат солистите Андријана Јаневска и Игор Веланоски.

 

 

Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations