„Шехерезада“ - балет од Н.Р Корсаков
Прегледано: 3798 | Oбјавено на: 18.01.2013
На 22.01(вторник) - 23.01.2013година (среда), ќе се изведе балетската претстава „Шехерезада“ од Н.Р Корсаков, почеток во 20.00 часот на сцената на МОБ.
 
Диригент на претставата Бисера Чадловска, кореографија на Михаил Крапивин од Русија, сценографија на Марија Ветеровска, костимографија Маја Бурсаќ од Србија и концерт мајстор Климент Тодороски.
 
Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ.

Kратка содржина:
 
Царот Шахријар се одмора во својата одаја. Неговиот брат шахот Заман го забавуваат харемските девојки со песна и игра. Шахријар е заинтересиран само за својата миленичка Забеида. Кога царот ќе објави дека ќе оди во лов, Земан отворено го истражува своето сомнение во верноста на Забеида. Девојките од харемот ја заговараат Забеида да му пријде на Шахријар и да му пожели среќа во ловот, за да се оттргне секое сомнение.
Кога мажите одат, девојките го поткупуваат главниот евнух кој ги чува, да ја отвори вратата од харемот.
Црните робови влегуваат во харемот и почнуваат оргии со жените на Шахријар. Забеида за себе го одбрала најубавиот меѓу нив. Одеднаш се враќа Шахријар, кој се посомневал во верноста на Забеида. Смртната казна пристигнува за робовите и евнусите.
Забеида пробува да го моли царот за милост и го убедува за нејзината верна љубов. Кратко време состојбата изгледа дека е спасена, но сепак царот ја жртвува својата љубов за да ја спаси својата чест.
Забеида која не наоѓа решение се самоубива во прегратката на царот Шахријар.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations