„Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи
Прегледано: 2180 | Oбјавено на: 17.01.2013
На 18.01.2013година (петок) на сцената на МОБ ќе се изведе популарната оперска претстава на Пјетро Маскањи „Кавалерија рустикана“. Опера во еден чин. Својата праизведба ја доживува во Рим 17.05.1890година. Прва професионална оперска претстава во македонскиот театар доживува на 9 мај 1947 година. Дејствието се одвива вечерта пред велигденската ноќ. Драма за страста, предавството и за одмаздата.
 
Диригент на претставата ќе биде Бисера Чадловска, режија на Волфганг Вајт од Германија, сценографија на Живојин Трајановиќ, костимографија на Лира Грабул, концерт мајстор Верица Ламбевска.                        .
 
Солисти:

Во улогата на Сантуца ќе настапи Дешира Ахмети – Крлиу, во улогата на Тируду - Цветан Стојановски, во улогата на Алфио – Ристе Велков,
Лола – Олгица Милевска, Мајка Лучија – Марика Поповиќ. 
 
Содржина:

Вечер пред Велигден во сицилијанско село. Младата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија, мајката на Туриду, човекот кој таа го сака, а во чија љубов се сомнева и сака да разговара со него.
Но, наместо разговор, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат. Лола е жена на коларот Алфио, која пред да замине Туриду во војска била свршена за него, но во меѓувреме се мажи за имотниот Алфио.
 
Туриду се враќа од војска и разочаран бара утеха паѓајќи на градите на селанката Сантуца. Сантуца, сега веќе грешница во очите на селаните останува сосема сама, отфрлена од сите. Во тој момент излегува Лучија. Сантуца неможејќи да се совлада и кажува за гревот што го скрил нејзиниот син. 
 
 
Доаѓа и Алфио кој после долго паување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду како минувал покрај неговата куќа.  Сантуцините зборови и она што го слуша од Алфио ја фрлаат Лучија во сомнеж и страв. Тогаш Сантуца í кажува каков грев направил нејзиниот син.  Доаѓа Туриду а Сантуца сака да зборува со него, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и тој заедно со неа оди во црква.
 
Сантуца, пред која селаните ги затвораат црквените врати, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила, но веќе е доцна. Со цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните, таа оди да ги викне карабинерите за да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду. После црковната служба, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат. По острата расправија меѓу Туриду и Алфио тие решаваат да излезат на двобој.
 
 
Туриду веќе нема излез. Тој ја поздравува својата мајка и ја моли да ја чува Сантуца ако тој не се врати. Лучија во таа ситуација не сфаќа што се случува. Сантуца доцна доаѓа со карабинерите. Се слуша само: „Туриду е мртов“
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations