Кој е најважниот маж во животот на Северина? (интервју)
Прегледано: 3480 | Oбјавено на: 26.12.2012

И кога сите поверуваа дека Северина го пронајде мажот на својот живот, бизнисменот Милан Поповиќ со кого го има десетмесечното синче Александар, нешто пукна и врската заврши скандалозно. Оттогаш медиумите ги полнат приказни во кои се вели дека Милан бил ужасно љубоморен и не ја пуштал пеачката да ги исполнува своите ангажмани, дека имал афери со некои локални актерки, дека своето дете не го видел со месеци... Како Северина гледа на овие настани кои и се случија во последно време?



На што се должи вашиот феноменален изглед после пораѓањето?

- Уживам во своето дете и ја работам работата која ја сакам. Го обожавам животот, вежбам три пати неделно и јадам се живо, но умерено.

Дали патевте од постпородилна депресија по раѓањето?

- Не.

Што може да ве расплаче во оваа животна фаза?

- Најлесно ме расплакува кога некој ќе ми смени програма од Baby TV на некој друг канал. Толку ми е супер оваа детска телевизија што немам поим што се случува во надворешниот свет. Мислите дека нешто важно сум пропуштила?

Дали последниве месеци вистински патевте?

- Логично е дека се бега од нешто што може да ни предизвика вистинско патење, знаеме дека не се бега од бомбони. Понекогаш ќе помилсам дека можеше да испадне подобро, но и многу полошо. Многу се пишуваше за мене и мојот живот но јас немам ништо со тоа. Тоа се оние приказни наводно неговиот пријател рекол или од извори блиски на пеачката... Кога ќе добиете дете, нема патење и мислење на себе туку првенствено на него, вие повеќе не сте важни. Се разбира, и понатаму си ја вршите вашата работа, но немата право на секојдневно кукање бидејќи премногу сте му потребни на тоа мало битие. Кој нема да го сфати тоа, паѓа на родителскиот испит. Ништо не е поважно од тоа на детето да му пружите љубов,емоционална сигурност и присутност. Освен тоа кога секојдневно го гушкате тоа малечко, тоа е неопишлива среќа. Патење е кога имате дете, а не го гушкате.

Како успеавте да се снајдете со него и снимањето на новиот албум?

- Успеав како и сите други жени. Не го водев во студио, ни другите мајки не ги носат своите деца во канцеларија. Сепак мојава работа е интересна и верувам дека би му било забавно во студио кога ќе порасне. Неодамна го носев во Сараево каде бев гостинка на концертот на Кемал Монтено. Се разбира не на концертот бидејќи таму има многу врева, но во Сараево имаме многу пријатели со деца и сакам тој да се дружи со нив.

Вашите хонорари се многу високи, дали тоа значи дека од финансиска страна нема да имате никакви проблеми за растење на детето?

- Парите немаат никаква врска со воспитувањето на детето. Многу чуѓе на овие простори имаат финансиски проблеми и живеат тешко, но со родителската љубов и поддршката која е најважна, нивните деца израснуваат во психички и емотивно стабилни индивидуи. Мојот син го има целото мое внимание и љубов и ништо не ми е поважно од него. Освен тоа детето не знае што се тоа пари, но и тоа како знае што е гушкање, бакнеж, насмевка, мир, задоволство... Тоа го нема на рафтовите и не може да се купи.

Кои ваши особини Александра ги поседува?

- Паметен е, убав, сладок, згоден...

Дали емотивно го исчистивте вашето срце и дали сте спремни за нова љубов?

- Јас сум вистинско женче и секогаш ми треба многу нежност, гушкање и љубов. Сега тоа го добивам од својот син – најчистата и најголемата љубов. Мојот маж мора да биде витез кој за својата жена и деца треба да оди до крајот на светот и да се бори за нив.

Се каете ли за некои погрешни емотивни избори во минатото?

- Има една песна од Едит Пјаф - Je Ne Regrette Rien. За ништо не жалам, ни за добро, ни за лошо, сосема сеедно ми е! Гајле ми е за минатото – завршува Северина.




 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations