Зимско кафенце кое ќе ве ослободи од стресот
Прегледано: 2028 | Oбјавено на: 25.12.2012
Состојки:
 
50гр чоколадо за готвење
300мл млеко
1 лажица кафеав шеќер
пола лажичка цимет во прав
1 лажичка инстант кафе
200мл крем\шлаг
 
Подготовка:
 
Стоплете го млекото, а потоа додадете го чоколадото за готвење додека не се стопи. Додајте ги и шеќерот и циметот и садот вратете го на оган. Варете измеѓу 5 и 10 минути, мешајќи постојано. На крајот, додадете го кафето и промешајте уште 1 минута. Додадете ја крем пената и измешајте. Декорирајте со преостанатата крем пена, рендано чоколадо или цимет. Кафето служете го топло, во големи филџани.

На здравје!!! :)
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations