Елена Ангеловска победи на Мис Јахт 2012 во Кина
Прегледано: 10914 | Oбјавено на: 17.11.2012
Елена е од Скопје и има само 18 години. Таа е ученичка во средното училиште Панче Арсовски. Таа повеќе пати има учествувано на вакви натпревари. Победи донесе ос Мис Глоуб 2011 каде се стекна со право за учество на  Мис Глоуб истата година каде влезе во финалето на најдобрите десет и го освои 4-тото место.
 

 
Ангеловска веќе три недели е во Кина и заедно со сите мисици од цел свет се подготвуваа за големото финале. Од информациите кои ги добивме од главниот организатор, г-динот Алекс Лиу лично веднаш по изборот, таа од самото нејзиното пристигнување, во секоја ситуација, на секое место и во секое време се однесувала прекрасно. Таа за победата добива парична награда од 10.000 американски долари, круна во вредност од 3.000 долари и други подароци од организаторот и спонзорите, а во Кина ќе остане уште најмалку една недела за фотосесии и претставувања на сите кинески медиуми - изјави Светлана Црнокрак од Модното студио Црнокрак. 
 
Елена Ангеловска се враќа во Македонија со ПОБЕДА,  Прва придружничка е претставничката на Србија, Александра Тасич, а втора Ана Кирилина од Белорусија. 

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations