Греено винце
Прегледано: 3084 | Oбјавено на: 14.11.2012
  • Греено винце

    Одличен пијалок кој ќе ве затопли и расположи во есенските и зимските денови...
Одличен пијалок кој ќе ве затопли и расположи во есенските и зимските денови. Греено вино се подготвува од црвено вино кое се зачинува со стапче цимет, каранфилче, ванила, портокал или пак лимон, по желба може да се додаде шеќер или мед. Постојат многу начини на подготвување на овој пијалак. Еве го нашиот:
 
Состојки:
 
750 мл црвено вино (изборот е ваш за кое ќе се одлучите)
1 портокал
две стапчиња цимет
неколку каранфилчиња
половина изрендано морско оревче
4 лажици шеќер
 
Подготовка:
 
Кората на портокалот ја сечете на две ленти, најубаво е портокалот да се пресече на половина и на едната половина да се нареди каранфилчето. Виното ќе го сипете во тенџере и ставете на тивок оган. Онаа половина од портокал со каранфилче ставете ја внатре во виното, морското оревче, лентите од кората.
 
Кога ќе се затопли виното додавајте го шеќерот и мешајте додека не се стопи. Никако немојте да дозволите виното да зоврие. Најубаво е виното да го греете 20-тина минути на тивок оган.
 
Откако ќе го тргнете виното од оган исцедете го и може да служите. Убаво е да се послужи во чаши претходно прелиени со топла вода.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations