Kако да направите “варена кајгана”
Прегледано: 2032 | Oбјавено на: 05.04.2013

Имаме уште еден месец до Велигден, а вас едноставно ви се здосадени вообичаените јајца кои сте ги јаделе толку многу пати. Ова видео може да ви даде идеја како на нов начин да ги спремите јајцата, а делот со украсувањето го оставаме на вас.







За да бидеме сигурни дека јајцето доволно се изматило внатре во лушпата, можеме да се послужиме со мал трик. Доколку го доближите обичното јајце до сијалица или до било каква друга светлост, делот каде што се наоѓа белката ќе биде прилично проѕирен, но доколку сте го изматиле на начинот на кој ова видео ви покажува, лушпата едвај ќе покажува малку црвенкаста светлост. Исто така знајте дека ова јајце има има доста послаба лушпа, така што лесно може да се случи да пукне во врела вода. За да го спречите тоа, ставете го во вода што врие и тргнете го од ринглата после десетина минути и јајцето ќе биде во ред.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations