"Малку луто секогаш годи"
Прегледано: 4322 | Oбјавено на: 14.09.2012

Еден од најпознтите готвачи на светот, Џејми Оливер, со седум години започнал да работи во ресторанската кујна на неговиот татко, па благодарение на лажиците и тенџерињата тој за неколку децении стекнал пари и слава, но и семејна хармонија.


Кога тој подготвува храна, се изгледа толку едноставно, вкусно и разнобојно. Го викаат готвачки гениј кој е во состојба и ногата на столицата да ја направи вкусна за јадење. Се разбира, станува збор за Џејми Оливер (37) чии емисии моментално се прикажуваат на каналот 24 Kitchen. Освен тоа што е совршен зад готвачкиот пулт, тој е навистина шармантен и допадлив за жените, што е уште една причина плус зошто неговите обожаватели ширум светот се бројат со милиони. Не само што е успешен во својата работа, туку е и навистина посветен на своето семејство. Така, на почетокот на овој милениум тој се ожени со својата долгогодишна девојка Џулиета Нортон со која моментално има четири деца. Тие живеат на неколку локации, а најпозната е онаа во близина на Лондон каде што се наоѓа нивниот ранч. На овој ранч Џејми сам одгледува и припрема органска храна, а таму е снимена и една од неговите емисии.

Што е за вас најголемо задоволство?


- Кога сум дома со жената и децата.

Каде се гледате себеси за пет години? За што сонувате?


- Јас всушност не размислувам толку нанапред, но се надевам дека и понатаму ќе го работам она што го работам и дека во тоа ќе уживам исто како и сега.

Веќе со години ве гледаме на телевизија, во книгите и магазините...Што уште можете да направите?


- Ширум светот имам различни ресторани, како и многу вкусни прехрамбени продукти кои се продаваат во супермаркетите. Покрај тоа многу соработувам со компании кои прават квалитетна и истовремено достапна опрема за припремање храна.

Кое е првото јадење кое сте го припремиле кога сте започнале да работите како професионален готвач?


- Помагав во кујната на пабот на мојот татко кога имав само седум, осум години, но не се сеќавам точно на првото јадење кое сум го припремил сосема самостојно. Се сеќавам дека знаев да припремам одлично печено пилешко кога имав 11 години.

Вашето име е едно од првите асоцијации за свежа храна во целиот свет. Кои се вашите цели во светот на исхраната?


- Мојата цел е да ги едуцирам децата и возрасните ширум светот здраво и правилно да се хранат, а кога го велам тоа, мислам на свежи, а не на скапи состојки. Со мало знаење можете да припремите брз, евтин, вкусен и здрав оброк. Исто така, треба да разберете дека нема ништо лошо во брзата храна, но тоа треба да биде ‘честење’ или исклучок, а не нешто што го јадете секојдневно.

Во што е тајната на брзото готвење без потполн хаос во кујната?


- Зависи што готвите. Некои јадења се едноставни и за нив е потребно само едно тенџере, нож и даска се сецкање. За други е потребно многу повеќе опрема. Од свое искуство можам да кажам дека работата над празни садопери и садови за отпадоци кои се наоѓаат во близина додека припремаме храна, помага нередот да се сведе на минимум.

Која е основната состојка во секоја кујна?


- Навистина многу сакам пиперчиња, мислам дека сум и помалку зависен од нив. Малку луто секогаш годи. Веројатно тоа би бил мојот избор бидејќи постојат толку многу работи кои можат да се направат со нив. Се разбира, ова не функционира во секое јадење, но тие имаат моќ да дадат една возбудлива нота во многу работи. Знам дека треба да издвојам само една состојка, но доколку ми дозволите да прокриумчарам уште неколку, би го издвоил уште лимонот и лукот, зошто и обете состојки додаваат толку многу вкус и се навистина употребливи.

Како некој што никогаш во животот не готвел претходно би го охрабриле да се обиде?


- Мислам дека треба да се започне со едноставни нешта. Доколку околу готвењето не знаете баш ништо, пронајдете пријател кој може да ви покаже неколку едноставни рецепти и обидете се да ги припремите сами. Никогаш не сум запознал некој кој не е воодушевен кога нешто од почеток до крај сам ќе зготви. Кога спремате добар оброк за своите пријатели и семејството, се чувствувате исполнето, а тоа навистина годи.

Што ве прави различен од колегите кои имаат свои сопствени ТВ емисии за готвење?


- Секогаш сум се трудел своите ТВ серии да ги направам интересни и достапни за секого. Било да се работи за нешто како ‘Џејми дома’ или ‘Училиштето од соништата на Џејми’, секогаш се тоа емисии кои се лесни за гледање и во секоја постои нешто што ги тера гледачите да размислуваат за храната на еден поинаков начин.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations