Кој е расположен за битбокс?
Прегледано: 3959 | Oбјавено на: 19.09.2013
Мартин Буцо Атанасовски е млада талентирана личност која веќе 3 години се занимава со битбокс. Почетоците биле од рекреативен карактер, но со текот на времето битбоксот му преоѓа во нешто кое што би сакал да го прави цел живот.

“Cекој ако сака да успее во својата работа или хоби треба да биде посветен 100 % за да добие максимални резултати. Јас лично мислам дека битбоксот е за сечије уво без разлика на возраста. Кога се сака се се може. Сепак, благодарен сум им на Боби и Момир(битбокс), за нивната подршка и помош.” – вели Мартин.

Најголемиот успех го постигнува на концертот на Слаткар, а во меѓувреме и на концертот на Заз во Скопје. Исто така Мартин е дел од повеќето хуманитарни концерти во Македонија, а во иднина се надева на се повеќе соработки, концерти и настапи.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations