Некст Тајм- подготвени за Пиво Ленд
Прегледано: 2007 | Oбјавено на: 11.09.2013
После неколку години изминати од одржувањето на последниот концерт пред скопската публика, овој четврток (12.09) рок бендот Некст Тајм ќе ги потсети обожавателите на хитовите од своите два албуми во рамките на нивниот настап на една од најголемите музички манифестации во земјава -Пиво Ленд.

Без тебе тивко умирам, Рамо за плачење, На крајот од денот, Кога лажеш каде гледаш, Рап енд рол, Убава, Лице од рај и новиот сингл Светот во раце, се само дел од песните кои ќе се најдат на репертоарот на Некст Тајм на главната сцена на скопско Кале.

- Имавме неколку тонски проби за Пиво Ленд и слободно можеме да кажеме дека сме максимално подготвени да „растуриме“ заедно со нашиот бенд. Ова е исклучителна можност да бидеме слушнати како свириме во живо, а тоа е мотив плус за нас, да го оправдаме нашето повеќегодишно постоење на македонската музичка сцена пред домашната публика- изјавуваат Стефан и Мартин

Настапот на Некст Тајм во четврток ќе започне во 20.30, а момците најавуваат речиси два часа забава за паметење, со нивните песни но и со неколку кавер верзии на познати светски рок хитови во нивна изведба.

Во меѓувреме, уживајте во нивниот нов сингл „Светот во раце“ :


http://www.youtube.com/watch?v=JwKEszjk53Y


http://www.youtube.com/watch?v=7rQzyGdWqeQ&feature=youtu.be 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations