DJ Shorty P со ДЈ сет во Белград
Прегледано: 1709 | Oбјавено на: 10.09.2013
  • DJ Shorty P со ДЈ сет во Белград

    Наредната среда на 18-ти септември Панчо ќе има свој ДЈ сет во најдобриот белградски хип-хоп и р&б клуб Freestyler 
После одличниот настап на хип хоп фестивалот Fresh Island на монденското место Зрче на островот Паг во Хрватска, каде што настапи на истата сцена со големите Snoop Dogg, ASAP Roky и Madcon, нашиот DJ Shorty P ака Панчо продолжува со освојување на балканските метрополи. Следен на листата е Белград, каде што наредната среда на 18-ти септември Панчо ќе има свој ДЈ сет во најдобриот белградски хип-хоп и р&б клуб Freestyler каде што излегува белградската елита и џет сет.

-Чест ми е што сум еден од ретките македонски диџеи кои имале свој настап во овој еминентен клуб. Ќе се потрудам белграѓани да примат многу позитивни вибрации и да им овозможам забава за која ќе зборуваат долго време – изјавува Shorty P.

После настапот во Белград, Панчо ќе продолжи со неговите настапи во Македонија, а следна држава во која ќе има свој сет ќе биде Швајцарија.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations