Тие се светски познати спортисти кои обожаваат покер!
Прегледано: 2076 | Oбјавено на: 29.08.2013
Дали знаевте дека Надал, Борис Бекер, Мајкл Фелпс како и многу други спортисти уживаат играјќи покер?

Се повеќе познати спортисти ги посетуваат светските казина, т.е уживаат во покерот.
Некогашниот број еден тенисер Борис Бекер е еден од најголемите љубители на покер турнирите во светот.

Еден од најдобрите пливачи, Мајкл Фелпс за време на турнирите во Лас Вегас е многу чест гостин на покер игрите во најголемите казина на светот. Ист е случајот со Рафаел Надал на кого покерот му омилен, секако после тениските терени.
На ова друштво многу брзо се приклучи и Роналдо, кој додека бил на одмор многу често го поминувал времето играјки покер.

Без сомнение, она што ги привлекува познатите да играат покер е всушност добра забава а не заработка, бидејќи рака на срце доволно заработуваат на спортските терени од кои доаѓаат. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations