Интервју со Никола Тесла од 1899
Прегледано: 3905 | Oбјавено на: 21.01.2011
  • Интервју со Никола Тесла од 1899

    Единицата во СИ системот за густина на магнетен флукс или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле), во негова чест е наречена Тесла на Conférence Générale des Poids ...



Интервју со Никола Тесла од 1889 година

Никола Тесла (Смиљан, кај Госпиќ, Лика, 10 јули 1856 - Њујорк, 7 јануари 1943) бил генијален истражувач и пронаоѓач на полето на Електротехниката и радиотехниката.
Роден е во Смилјан, Австроунгарија, а по потекло е Србин. Подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електро-магнетизмот кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Патентите на Тесла и неговата теоретска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.

Новинар: Футуристите велат дека дваесетиот и дваесет и првиот век се родени од главата на Никола Тесла. Тие го слават Спротивното магнетно поле и пеат химни за Индукцискот мотор. Нивниот творец го нарекуваат ловец кој во својата мрежа ја фатил светлината од длабочините на земјата, и воин кој го уловил оганот од небото. Таткото на наизменична струја, направи физиката и хемијата да доминираат со половина од светот. Индустрија ќе го прогласи како нејзин најголем светец, а банкарите како најголем доброчинител. Во лабораторијата на Никола Тесла за прв пат е скршен атомот. Тука е создадено оружје кое предизвикува земјотрес преку вибрации. Тука е откриен и Црниот космички зрак. Пет нации ќе се молат за него во храмот на иднината, затоа што тие ја научиле големата тајна дека елементите на Емпедокле се напојуваат со животна енергија преку "Eter" (воздух).

Тесла:  Да, тоа се некои од моите поважни откритија. Но, Јас сум поразен човек. Јас не го реализирав она најдоброто нешто што можев.

Новинарот:  Што е тоа, г-дин Тесла?

Тесла:   Сакав да ја осветлам целата планета Земја. Во неа има доволно електрична енергија за да стане второ сонцето.Светлината би блескала околу екваторот, како прстенот околу Сатурн.
Човештвото не е созреано за големо добро. Во Колорадо Спрингс ја напојував Земјата со електрична енергија.
Исто така можеме да напојуваме и со други енергии, како што е позитивната ментална и духовна енергија. Тие се во музиката на Бах или Моцарт, во стиховите на големите поети. Во внатрешноста на Земјата постои енергија на ведрина, мир и љубов, изразена преку цвеќе што расте од земјата, храната што ја добиваме од неа. Многу години потрошив во потрага по начин како таа енергија може да влијае на луѓето.
Убавината и мирисот на розите може да се користи како лек а зраците на сонцето како храна. Животот има бесконечен број на форми, а должност на научниците е да ги пронајдат во секоја материјална форма. Три работи се важни за тоа. Се што правам е потрагата по нив. Знам дека нема да ги најдеам, но јас нема да се откажам од нив.

Новинарот:  Кои се тие нешта?

Тесла:   Првото е храната. Со која Ѕвездена и копнена енергија да ги нахраниме гладните на земјата? Со кое вино да ги напиеме сите жедни, за да се расположат и нивните срца, и да сватат дека и тие се богови?

Втората работа е како да се уништи моќта на злото и страдањата кои поминуваат низ човечкиот живот? Тие понекогаш се јавуваат како епидемија од длабочините на просторот, а во ова време, тие болести се прошириле и надвор од Земјата, кон вселената.

Третата работа е: Има ли вишок светлина во универзумот? Пронајдов ѕвезда која, по сите астрономски и математички закони, може да исчезне, а наизглед ништо да не се промени. Таа ѕвезда е во оваа галаксија. Нејзината светлина толку може да се згустне, што може да ја собере во топка помала од јаболко а потешка од Сончевиот систем. Религијата и филозофиите не учат дека човекот може да биде Христос, Буда и Заратустра. Она што јас го барам е, по лудо, поголемо и невозможно. Тоа е: Што да се направи за да во вселената секој човек се роди како Хрисос, Буда и Заратустра.

Знам дека гравитацијата е наклонета на се она што лета, и мојата намера не е да направам летачки уреди (авиони или ракети), туку сакам да му ја вратам свеста на човекот за неговите сопствени крила ... Понатаму, јас се обидувам да ја пронајдам енергијата која се наоѓа во вакумот. Вакумот е најголемиот извор на енергија, а она што се смета како празнина е само манифестација на неразбудената енергија. Нема празнини ниту во земјата ниту во вселената. Во црните дупки, за кои говорат астрономите, најмоќни се изворите на енергија и живот.

Новинарот:  На прозорецот на вашата соба во "Валдорф-Асторија", на триесет и третиот кат, секое утро слетуваат гулаби.

Тесла: Човекот мора да биде сентиментален кон птиците. Тоа е поради нивните крила. И човекот ги имал некогаш, и тоа видливи!

Новинарот:   Вие не престанавте да летате уште од тие рани денови во Смиљан!(Смиљан (хрв. Smiljan) е село во планинскиот регион Лика)

Тесла:   Сакав да полетам од покривот и паднав: детските пресметки не се во ред. Не заборавајте младичу, крилјата се се во животот!

Новинарот:   Никогаш не сте биле во брак! Не е позната ниту една твоја љубов он некоја жена. На сликите од младоста изгледате како исклучително убав човек.

Тесла:  Не. Не сум, бил во брак. Два пати се: Многу или нималку секс. Средината служи за обновување на човечкиот род.
Премногу секс кај некои луѓе ја одржува и зајакнува нивната виталност и дух. Со воздржувањето од секс кај други луѓе се постигнува истиот ефект . Јас сум од другите..

Новинарот:   Вашите обожаватели жалат што ја напаѓате теоријата на релативитетот. Чудна е вашата теорија дека материјата нема енергија. Се е исполнето со енергија, од каде потекнува таа?

Тесла:   Најпрво настанала енергијата, потоа материјата.

Новинарот:   Господине Тесла, тоа е како да кажувате дека вашиот татко потекнува од вас а не вие од него.

Новинарот:Господине Тесла, тоа е како да кажете дека Вие сте го родиле Вашиот татко, а не тој Вас.
 
Тесла:   Токму така стојат работите со раѓањето на вселената. Материјата е создадена од првобитната и вечна енергија, која ја знаеме како светлина. Засветела и се појавиле ѕвездите, планетите, човекот и сè што е на Земјата и во Универзумот. Материјата е израз на бесконечните видови светлина, затоа енергијата е постара од неа. Постојат 4 закони на создавањето. Првиот е дека изворот на сè е во непоимливата, црна честичка што умот не може да ја замисли ниту математички да ја измери, а во таа честичка се собира целиот универзум. Вториот закон е ширење на темнината, која е вистинска природа. Светлина од непоимливото и нејзино преобразување во светлина.. Третиот закон е потребата светлината да стане материја. Четвртиот закон гласи: нема почеток ниту крај, трите претходни закони отсекогаш траат и создавањето е вечно.
 
Новинарот: Во непријателството кон Теоријата на релативитетот одите до таму што на прославите на својот роденден држите предавања против нејзиниот творец.
 
Тесла:  Запомнете, не е закривен просторот, туку човековиот ум, кој не може да ги сфати бесконечноста и вечноста! Ако тоа му е јасно на творецот на релативитетот, тој би стекнал бесмртност, дури и физичка ако сака. Јас дум дел од светлината, а таа е музика. Светлината ги исполнува моите шест сетила – јас ја гледам, ја слушам, ја чувствувам, ја мирисам, ја допирам и ја мислам. Мислењето кај мене е шестото сетило. Честичките на светлината се испишани ноти. Една молња може да биде цела соната. Илјада молњи се концерт. За тој концерт јас создадов тркалезни молњи што се слушаат на замрзнатите врвови на Хималаите. За Питагора и математиката, а научникот за тие двајца не смее да се излаже. Броевите и равенките се знаци со кои се обележува музичката сфера. Да ги слушнеше Ајнштајн нејзините звуци, не ќе ја создадеше Теоријата на релативитетот. Тоа се звуци со порака на умот дека животот има смисла, дека во вселената постои совршена хармонија и дека убавината е причина и последица на создавањето. Таа музика е вечно кружење околу ѕвездените неба. Најмалата ѕвезда е воедно и завршена композиција, дел од небесната симфонија. Отчукувањето на човечкото срце се дел од симфонијата на Земјата. Њутон откри дека тајната е во геометрискиот правилен распоред и движење на небесните тела. Тој откри дека хармонијата е врвен закон на вселената. Закривениот простор е на хаосот, а хаосот не е музика. Ајнштајн е гласник на времето на бучност и бес.
 
Новинарот:Господине Тесла, дали Вие ја слушате таа музика?
 
Тесла:   Секогаш ја слушам. Моето духовно уво е големо како небото што го гледаме над нас. Своето физичко уво го зголемувам сам со Радар. Според теоријата на релативитетот, две паралелни линии ќе се сретнат во бесконечноста. Така од Ајнштајн се очекува кривата да стане права. Еднаш создаден звукот трае вечно. За човекот, тој може да исчезне, но продолжува да трае во тишината, која е неговата најголема моќ. Немам ништо против господинот Ајнштајн. Тој е љубезен човек и направи извесни добри нешта, од тоа нешто ќе стане дел од музиката. Јас ќе му пишам и ќе се обидам да му објаснам дека етерот постои и дека неговите честички ја држат вселената во хармонија, а животот во вечност.
 
Новинарот: Кажете ми, Ве молам, кои се условите на приспособување на еден ангел на Земјата?
 
Тесла:   Јас имам десет од нив, запишете внимателно.
 
Новинарот: Ќе го запишам секој Ваш збор, почитуван господине Тесла.
 
Тесла:   Првиот услов е висока свест за она за што сте испратени на Земјата и делото што треба да го завршите. Таа свест мора, макар и матно, да постои во најраната младост. Да не бидеме лажно скромни, дрвото знае дека е дрво, а грмушката покрај него – дека е грмушка. Како момче на 12 години бев сигурен дека ќе дојдам на Нијагарините водопади. За повеќето мои откритија уште од детството знаев дека ќе ги остварам, иако не сосема јасно. Вториот услов на приспособување е истрајноста. Сè што почнував го завршував.
 
Новинарот: Кој е третиот услов на приспособувањето, господине Тесла?
 
Тесла:   Насочување на сите витални и духовни енергии на дело. Оттука и прочистување од многу нешта и потреби што ги има човекот. Јас со тоа ништо не сум изгубил, туку добив. Толку многу добив што им се радував на секој свој ден и ноќ. Запишете: Никола Тесла беше среќен човек… Четвртиот услов е приспособување на телесниот склоп на делото.
 
Новинарот: Како го замислувате тоа, господине Тесла?
 
Тесла: Најпрво, тоа е одржување на тој склоп. Човечкото тело е совршена машина. Јас го познавам својот склоп и она што е добро за него. Храната на многумина луѓе за мене е штетна и опасна. Поради тоа понекогаш си замислувам дека сите готвачи на светот се собрале против мене… Допрете ми ја раката.
 
Новинарот: Ладна е.
 
Тесла:  Да. Крвотокот може да се управува, како и со многу процеси во нас и околу нас. Зашто побледевте, момче?
 
Новинарот:Постои приказна дека Марк Твен го напишал Таинствениот странец, онаа прекрасна книга за Сатаната, инспириран од Вас.
 
Тесла:   Зборот Луцифер ми е подраг. Господинот Твен сака да се нашали. Во детството еднаш оздравев читајќи ги неговите книги. Кога тука се запознавме и му го раскажав тоа, беше толку трогнат што заплака. Станавме пријатели и често доаѓаше во мојата лабораторија. Еднаш ме замоли да му ја покажам машината што со помош на вибрации предизвикува блаженство. Беше тоа еден од оние изуми за забава, со кои понекогаш се занимавав. Го опоменав господинот Твен колку смее да остане под тие вибрации. Не ме послуша и остана подолго. Сè заврши со тоа што држејќи се за панталоните, како ракета истрча во извесна просторија. Тоа беше ѓаволски смешно, но јас ја сочував сериозноста. Да се вратиме на приспособувањето на телесниот склоп. Покрај храната, многу е важен и сонот. Од долгата и исцрпувачка работа, јас по еден час спиење сосема ќе се повратев. Стекнав способност да го управувам сонот, заспивам и се будам во часот што сам ќе го определам. Ако нешто во тоа што го работам не ми е јасно, се принудувам самиот себе да мислам на тоа во сон, и на тој начин ги наоѓам решенијата. Петтиот услов на приспособување е помнењето. Можеби кај голем дел луѓе мозокот е чувар на сознанијата за светот и знаењата што ги стекнува во животот. Но мојот мозок се занимава со поважни нешта од помнење, кај мене тој го лови тоа што во одреден миг му е неопходно. Тоа е околу нас и само треба да го земеме. Сè што еднаш сме го виделе, чуле, прочитале или дознале нè следи во вид на светлосна честичка. Мене тие честички ми се послушни и верни. Гетеовиот Фауст, мојата омилена книга, ја научив наизуст на германски како студент, и сега цела можам да ја рецитирам. Своите изуми со години ги носев во главата, а дури потоа ги остварував.
 
Новинарот: Често ја спомнувате моќта на визуализацијата.
 
Тесла:   На неа можеби треба да ѝ заблагодарам за сè што сум направил. Случките од мојот живот и моите откритија пред моите очи се реални, видливи како секоја појава и предмет. Во младоста се плашев од тоа, не знаејќи што е тоа, но подоцна таа моќ ја прифатив како исклучителен подарок и богатство. Подарок што го негував и љубоморно го чував. Со визуализација на голем дел од изумите им извршував и поправки, преку неа решавам и комплицирани математички задачи без да пишувам бројки. На Тибет поради тој подарок би добил чин на лама. Мојот вид и слух се совршени и смеам тоа слободно да го кажам, посилни отколку кај другите луѓе. Слушам грмотевици на 150 илјади милји и гледам бои на небото што други не ги гледаат.
 
Новинарот: Во младоста бевте неколку пати тешко болен. Дали и болеста е еден од условите на приспособување?
 
Тесла:   Да. Таа често е последица на недостаток или исцрпеност на животни сили, но често е и прочистување на духот и телото од отровите што се насобрале. Неопходно е човек да боледува од време на време. Изворот на голем дел од болестите е во духот. Како дете се разболев од колера, која беснееше во Лика. Се излечив со тоа што татко ми ми дозволи да запишам студии по техника, кои го претставуваа мојот живот. Предвидувањата за мене не се болест, туку способност на умот да продре надвор од трите димензии. Ги имав цел живот и ги прифаќав како и сите други појави. Еднаш во детството со вујко ми шетав покрај реката и реков: „Од водата ќе се појави пастрмка, јас ќе фрлам камен и со него ќе ја пресечам“. Тоа се случи. Уплашен и вџашен, вујко ми викна: „Баде ретро Сатанас!“ Беше учен човек и зборуваше латински… Се наоѓав во Париз кога ја видов смртта на мајка ми. Во небото полно со светлост и музика, лебдеа прекрасни битија. Едно од нив го имаше ликот на мајка ми, ме гледаше со бескрајна љубов. Бидејќи визијата исчезна, знаев дека мајка ми умрела.
 
Новинарот: Што е седмото приспособување?
 
Тесла:  Знаењето како психичките и виталните енергии да се претворат во тоа што го сакаме и да постигнеме власт над своите емоции. Хиндуистите тоа го викаат јога кундалини. Овие знаења може да се научат со многу години или да се стекнат со раѓањето. Јас повеќето ги стекнав со раѓањето. Тие се во најблиска врска со полната енергија, која по светлината е најраспространета во вселената. Жената е најголем крадец на таа енергија, а со тоа и на духовните моќи.
 
Новинарот: А деветтото поглавие, господине Тесла?
 
Тесла:   Да направиме сè за ниту еден ден, ниту еден миг да не заборавиме кои сме и зашто сме на Земјата. Исклучителни луѓе што во животот се мачат со болест, немаштија, или општеството премногу ги ранува со својата глупост и неразбирања, оставаат зад себе дело неостварено до крај. Има многу паднати ангели на Земјата.
 
Новинарот: Што е со десеттото приспособување?
 
Тесла:   Тоа е најважно. Напишете дека Тесла си играл, си играл целиот живот и уживал во тоа.
 
Новинарот: Господине Тесла, дали тоа се однесува и на Вашите откритија и дела? И тоа ли е игра?
 
Тесла:   Да. Јас сакав да си играм така. Со електрицитетот! Секогаш се ежам кога ќе слушнам за Гркот што го украл огнот. Грозна приказна за тоа како орлите му ги јадат дробовите. Зарем Зевс немал доволно молњи и громови, па бил оштетен за едно жарче? Тука има некое недоразбирање… Молњите се најдобрите играчки што може да се најдат. Не заборавајте во Вашиот текст да истакнете – Тесла беше првиот човек што ја создаде молњата.
 
Новинарот: Вие сте премногу пристрасен кон електрицитетот?
 
Тесла:   Електрицитет сум и јас самиот. Или ако сакате, јас сум електрицитет во човечки облик. Тоа сте и Вие. Но за тоа не сте свесен.
 
Новинарот: Хотелскиот персонал зборува дека за време на грмотевици се затворате во соба и сам со себе разговарате.
 
Тесла:   Разговарам со молњите и громовите.
 
Новинарот: Со нив? На кој јазик, господине Тесла?
 
Тесла: Најчесто на мојот мајчин јазик. Во него има зборови и звуци, особено во поезијата, кои се поволни за тоа.
 
Новинарот: Читателите на нашиот весник би Ви биле благодарни ако тоа го протолкувате.
 
Тесла:  Звукот не постои само во громот, туку и во молњата, кај неа тој е претворен во сјај и во боја, а боите може да се слушаат. Јазикот е од зборови, што значи дека е од звуци и бои. Секој гром и молња се различни и имаат свои имиња на оние што ми се блиски во животот или се наречени по оние на кои им се восхитувам. Во небото грмат мојот брат Данило, мајка ми, сестра ми, поетот Змај и личности од српската историја, но и Леонардо, Бетовен, Изаија, Гоја, Пушкин…
 
Новинарот: Според Вас, науката и поезијата се исто?
 
Тесла:  Тие се две очи на едно лице. Вилијам Блејк нè учеше дека целиот универзум е роден од фантазијата, дека таа го одржува и дека ќе постои на земјата сè додека постои еден единствен човек. Таа е творечка енергија рамна на светлината.
 
 
Новинарот: Фантазијата за Вас е постварна од животот?
 
Тесла:  Тааа раѓа нов живот. Јас се хранев со моите мисли, научив да ги управувам чувствата, со сништата и визиите. Отсекогаш ја негував како што го негував и својот занес. Цел свој живот го поминав во занес, тоа беше извор на мојата среќа. Тој ми помогна и во сите овие години да ја поднесам работата, која беше доволна за пет животи. Најдобро е да се работи ноќе, зашто ѕвездената светлина и мислите се во блиска релација.
 
Новинарот: Рековте дека и јас сум, како и секое суштество, светлина. Тоа ми ласка, но признавам, не ми е сосема јасно.
 
Тесла:   Зошто би требало да Ви биде јасно? Доволно е да поверувате во тоа дека сè е светлината. И запомнете, ниту еден човек што постоел, не умрел. Претворен е во светлината и како таков постои и понатаму. Тајната е во тоа тие први светлосни честички да се вратат во првобитната состојба.
 
Новинарот: Тоа е воскреснување!
 
Тесла:   Јас тоа поинаку го нарекувам, враќање во некоја од претходните енергии. Исус и уште некои ја знаеле таа тајна. Јас трагав по тоа како да се сочува човечката енергија. Таа е една од видовите светлина. И по тоа не трагав заради себе, туку заради доброто на сите. Верувам дека моите откритија ќе го направат човечкиот живот полесен и поподнослив, и ќе ги насочат на духовност и моралност.

Новинарот: Дали сметате дека времето може да се укина?

Тесла:   Не потполно, затоа што првата особина на енергијата е да се трансформира. Таа се наоѓа во вечна трансформација. Но можно е да се влијае на тоа човек да ја зачува својата свест и после крајот на животот на земјата. Во секој ќош на вселената постои енергија на живототч а една од нив е и безсмртноста чиешто потекло е надвор од човекот и го чека. Вселената е духовна; а ние сме само пола такви. Вселената е поморална од нас; затоа мораме да ја запознеме нејзината природа и својот живот да го ускладиме со нејзе. Јас не сум научник; Науката е можеби најсоодветниот начин да најдам одговор на прашањето коешто одсекогаш ме прогонува, и коешто моите денови и ноќи ги претвара во огин. 

Новинарот: Кое е тоа прашање? 

Тесла:   Како ви засветеа очите!... Она што сакав да го дознаам е: што се случува со ѕвездата што паѓа и сонцето што се гаси? ... Постои една космичка болка. Кога некој мој близок и драг човек ќе се повредеше, јас чувствував физичка болка. Неразбирливата тага што некогаш ќе нè преплави значи дека некаде на некој друг крај од оваа планета умрело дете или добар човек. Целата вселена во извесни периоди е болна, од себе самата и од нас. Исчезнувањето на некоја ѕвезда или појава на некоја комета влијаат на нас повеќе отколку што претпоставуваме. Врската меѓу суштествата на Земјата е уште посилна, заради нашите чувства и мисли цветот поубаво ќе замириса. Тие вистини одново мора да ги учиме за да се излечиме. Лекот е во нашето срце, и исто така, во срцето на животното што го нарекуваме вселена. 

Целото интервју може да го прочитате на:
 
http://www.freedomtek.org/tekstovi/nikola_tesla_intervju_1899.php
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations