Ѕвездите се свртеа кон нова секта
Прегледано: 2069 | Oбјавено на: 23.04.2013
 По сеинтологијата, холивудските ѕвезди сè почесто се свртуваат кон сектата „ordo templi orijents“ (скратено ОТО), за чиј основач се смета Алистер Кроули. Нејзини следбеници се Џеј Зи, Пичиз Гелдоф, Ријана, Џими Пејџ и многу други.

Имено, станува збор за сатанистички секс култ, според кој секој ден се истражуваат сексуалните пориви, за да се постигне смиреност во животот.

Мотото на оваа секта е „прави што сакаш и тоа ќе ти биде целиот твој закон“, а кулминации на илузијата се случуваат во текот на перверзни, садо-мазо сексуални чинови под влијание на тешки опојни дроги како опиум, кокаин, хероин и метамфетамини.

Иако сите членови се чуваат во строга тајност, Џими Пејџ јавно зборувал дека е член на оваа група и алудирал на сите свои фанови дека и тие би требало да се придружат.

Во последно време се зборува дека се повеќе познати личности преминуваат од сеинтологијата во ОТО, првенствено затоа што не е потребно да плаќаат астрономски цени за чланарина, но и како совршено решение за привремено бегство од бурниот живот.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations