На 16.01.2013година (среда), со почеток во 20.00 часот ќе се изведе балетската модерна претстава „Јас Исидора“ од Олга Панго на малата сцена во МОБ.
Либрето, кореографија и режија е на Олга Панго, музиката е на Калиопи Букле, сценографија и костимографија се на Благој Мицевски.
Солисти:
Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Пашариковска,
Лиле Миленковска Гленски, Билјана Басмаџиева, Марина Георгиевска,
Маја Митровска Богојевска.
Инспирацијата за претставата е големата американска балерина Исидора Данкан која живее на почетокот на 20 век..
Дејството се случува со доаѓањето на Исидора во Москва и нејзината средба со големиот руски поет Сергеј Есенин. Тој и се восхитува на Исидора и неговото додворување буди страст кај неа. Нивната врска завршува со брак, а зедништвото им е поддржано од физичката привлечност, неконвенционалноста на која ја манифестираат својата уметност и идеатa за еднаквост на сите луѓе (комунизмот).
Тие воопшто не се тивки општествени битија, ами бучни ѕверки чии што дела секогаш, без исклучок, креваат голем прав. Поради тоа нивниот живот е под постојана присмотра од очите на јавноста. Есениновата поетска генијалност влегува во сенката на рамнодушноста и неговата склоност кон алкохолот. Поради ниската етика паѓа во прегратките на други жени, мрежа скандали која е испреплетена од јавноста. Исидора воид битка и со него и со општеството.
Почнува да се прашува: „Што барам тука?“, „Која сум јас?“, ,„Уметност или љубов?“. Веќе несака да се арчи себеси во оваа јалова земја и решава да замине ид а го напушти Есенин. Искусува олеснување, а наспроти неа тој останува сам во друштво со алкохолот. Не му преостанува ништо друго освен да се пијанчи, и по долго трагање ја добива сликата на ,,Црниот човек,, и тука е неговиот крај.