Божиќен концерт на „Скопските солисти“
Прегледано: 2666 | Oбјавено на: 29.12.2012
Продолжувајќи ја традицијата последниве неколку години, Центарот за организирање приредби „Универзална сала – Скопје“ и во 2013 година се јавува како организатор на гламурозниот „Божиќен концерт“ на камерниот оркестар „Скопски солисти“ и нивните реномирани гости од странство. Ова реномирано збиднување од областа на класичната музика ќе се одржи на 8-ми јануари 2013 година (вторник) во Универзална сала со почеток од 20 часот.
 
Покрај домашните, камерниот оркестар „Скопски солисти“ на сцената на Универзална сала ќе се претстават уште неколку ренимирани имиња, меѓу кои познатиот и светски признат, а наш тенор Благој Нацоски, кој веќе десет години ги освојува најпрестижните оперски сцени и е најафирмираниот македонски оперски пејач во светот. Заедно со Нацоски, посетителите на Божиќниот концерт ќе можат да ги слушнат и изведбите на еден од најдобрите светски сопрани од поновата генерација, италијанката Марчела Орсати Таламанка, која во последнава деценија буквално царува на најпознатите оперски сцени во Италија, Франција, Швајцарија, Германија… со своите маестрали изведби на најпознатите улоги на најпрестижните оперски дела.
 
Диригентската палка на годишниот Божиќен концерт му е доверена на маестро Алесандро Д’Агостини од Италија, кој покрај оперските продукции, диригира и бројни симфониски концерти со бројни оркестри ширум Европа, а на македонската јавност ѝ е познат и како редовен гостин на сцената на Македонската Опера и Балет, каде диригирал неколку познати оперски дела како: Тоска, Турандот, Аида, Севилскиот берберин, Кармина Бурана и Јубилејниот балетски концерт во 2010 година.
 
На концертот ќе бидат изведени одбрани дела на најголемите светски композитори како: Жорж Бизе, Оторино Респиги, Георг Фридрих Хендл, Јохан Штраус Јр., Волфган Амадеус Моцарт, Франц Шуберт, Адолф Адам, Франц Грубер…
 
Влезниците се веќе пуштени во продажба и можат да се набават на билетарницата на Универзална сала, Југотон рекордс ГТЦ или на www.mktickets.mk, по цена од 500 денари. Сите дополнителни информации ќе бидат соопштени на прес конференцијата која е закажана на 4-ти јануари 2013 година (петок) во 11 часот во градската кафеана Пелистер.


 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations