Карактеристики и стереотипи за децата со дефицит на внимание (АДХД)
Прегледано: 568 | Oбјавено на: 22.01.2022
 

Карактеристики и стереотипи за децата со дефицит на внимание (АДХД)


Дефицит на внимание и нарушување на хиперактивноста или АДХД е состојба која се карактеризира со многу висок степен на моторна активност како манифестација на многу висока ментална активност.

Дијагнозата кај децата и тунејџерите се поставува единствено преку строго определени правила кои се пропишани , поради сличноста на одредени прелазни развојни фази. За да се дијагностицира  детето мора да има најмалку 6 симптоми на невнимание или повеќе од 6 симптоми на хиперактивност и импулсивност. Симптомите мора да се повторуваат во различни средини. На пример и во училиште и дома. Доколку симптомите се појавуваат само во училиште или само дома дијагнозата се одложува се до пронаоѓање на причините кои ги предизвикуваат симптомите во таа средина. Дијагнозата се поставува од 6 до 12 годишна возраст. Со почитувањето на возрасната граница за дијагностицирање на АДХД  се намалува ризикот од дијагностицирање на разввојна минлива фаза кај детето пред 6 годишна возраст. 

Најчести и највидливи симптоми се: 

-краток опсег на внимание и леснa расеаност
-правење безгрижни грешки - на пример, во училишните задачи делува расеано или губи работи
-неспособност да ги следи задачите што се мачни или одземаат многу време. Често се мисли дека не може да ги слуша или да ги извршува упатствата на задачите. Постојано менување активност или задачи. Има потешкотии да организира задачи. Хиперактивност и импулсивност

Главните знаци на хиперактивност и импулсивност се: 

-неспособност да седи мирно, особено во мирна или тивка околина, 
-постојано треперење, неспособност да се концентрира на задачите, прекумерно физичко движење
-прекумерно зборување, не може да чека на ред. Дејствува без размислување и често ги прекинува разговорите, ниско или без чувство на опасност

Овие симптоми можат да предизвикаат значителни проблеми во животот на детето, како што се недостиг на успех во училиште, слаба социјална интеракција со други деца и возрасни и проблеми со дисциплина. 

Со  поставена  дијагноза АДХД  се користат медикаменти но најдобри резултати се постигнува со комбинација на Когнитивна бихевиорална психотерапија и медикаменти. Известување на персоналот во училиште за состојбата кај детето и заедничка соработка со родителите е исто така добра стратегија.

Најчесто АДХД поминува во пубертетот но има луѓе кои се борат со оваа нарушување до крајот на животот. 

Овие деца знаат да работат премногу брзо, ретко премислуваат за последици и ретко се двоумат. Ова однесување често го користат кога се бара брза реакција и решение за одреден проблем. Често се случуваат и грешки но тие не се од  незнаење, на пр. во математиката тие разбираат тежок (комплексен) проблем и знаат како да го постигнат неговото решение, но прават мала грешка при неговото решавање, што резултира со погрешен резултат. 

Тешко ги разбираат колективните упатства. Тие се силно фокусирани кога го прават она што го сакаат но често ги менуваат плановите. Имаат многу добра перцепција и голема моќ на набљудување. Собираат многу информации за кратко време иако навидум не изгледа така. Во зрелоста, тие не се мотивирани од награди и пари туку од нивните интереси. 

Емоционалноста исто така е поразлична. Тие со цело свое битие го доживуваат она што го прават. Кога се под емоционален жар и силни интереси, тие влегуваат во хиперфокус- силна концентрација. Имаат концептуално размислување т.е. размислуваат во ширина, прво го разбираат концептот, а потоа се поврзуваат деталите. 

Сметам дека свесноста за децата со АДХД не е сеуште на ниво во кое ќе може активно и квалитетно да се промени пристапот кон овие деца  и соодветно да се работи со нив. Најчесто овие деца или се дијагностицирани прерано или воопшто не се дијагностицирани, а најчеста ситуација е кога заедно со друго нарушување се прилепува и дијагноза АДХД. 

Бидејќи системот не изразува емоции кон детето туку го гледа како дел од колективот, а не како личност на која и е потребен индивидуален пристап, детето често е фрустрирано, родителите лути  а наставниците незадоволни. Тогаш децата започнуваат со деликвентни однесувања а подоцна лесно потпаѓаат и во групи со криминална историја. Во вакви случаи тагата од неприфатеноста и неснајденоста преминува во агресија кон системот. Како резултат на тоа тие имаа ниска самодоверба, чувство на инфериорност и слично. 

Доколку родителите и наставниците ги имаат потребните информации за оваа дијагноза пристапот би бил полесен а резутатот видлив. На пример многу од недостатоците можат да бидат всушност предности. Казнувањата поради расеаност или незавршени училишни обврски кај овие  децата ја влошуваат состојбата а резултатот е повелеченост, немотивираност, и ниска самодоверба. 

Генерално системот не прави разлика меѓеу хиперактивно и “нормално ”дете, бидејќи хиперактивните деца се “понемирни”, потешко се концентрираат на наставните материјали, повеќе се склони да отстапуваат од темата и најчесто ја нарушуваат наставата, тие се означени како непослушни, лоши и проблематични деца.

Многу често, посебно постарите не се дијагностицирани во своето детство со АДХД и повеќето од нив доколку продолжиле симптомите научиле да живеат со нив, без да им биде јасно зошто. Многу од симптомите веќе се претвориле во предност но некои од нив се прифатиле како непостојани во работата, неорганизирани и слично. 

Луѓето со АДХД обично се многу интелигентни и исклучително имагинативни. Неуспехот да се вклопат во вообичаените правила на општеството околу нив ги прави на некој начин несоодветни или тешко прилагодливи во многу општествени услови.  Лицата со АДХД во текот на животот учат како да ја користат таканаречената “маска”. Имено, за време на животот, едно лице се обидува да ја прилагоди својата личност кон мнозинството, односно да биде што е можно поненаметливо. Со други зборови, тоа се преправа дека е заинтересирано и се однесува како мнозинството, иако не е.

На пр. Група луѓе седат на конференција каде се дискутира на одредена тема, но дебатата станува подолга, станува премногу конкретна и оди предалеку. Лицето со АДХД последователно ја губи концентрацијата, повеќе не е во состојба да ја следи изложеноста и чувствува екстремен притисок и непријатност, или сака да истрча од салата, бидејќи повеќе не може да го слуша. Меѓутоа, во исто време, тој знае дека ако стане и си замине од таа соба (и сите останати седат и мирно ја следат презентацијата), ќе испадне чуден, незаинтересиран и некултурен. Во тој момент, лицето става „маска“, и не го открива недостатокот на концентрација, незаинтересираност и непријатност, слично како покер играч кој не ги открива картите што ги има со изразот на лицето. Со други зборови, тоа останува на таа конференција до крај, иако едвај ја „издржува“, односно се преправа дека предавањето и било интересно.

Луѓето со АДХД не можат да ја променат својата личност, но можат да го прилагодат своето однесување на очекувањата на околината 

Возрасните со АДХД најчесто, кога биле мали, имале силни интереси за одредени работи, лесто неразбирливи за околината, кои во подоцнежниот живот се сметаат за добри карактеристики.

Доколку сакате да знаете повеќе, пријавете се на следниот вебинар.

https://bit.ly/3fQhSLb

Доц. Ана Чучкова - психолог


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations